+389 34 345 212
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна






SKIFUN ГАРАНЦИЈА




Skifun Гаранцијата му овозможува на патникот рефундација на целиот износ платен за аранжманот во рок од 15 дена од откажувањето на патувањето од страна на патникот.


Skifun Гаранцијата важи:
- во случај на нова епидемија на COVID-19 или ширење на кој било нов или модифициран вирус што може да предизвика епидемија на заразна болест, официјално декларирана во земјата на престој, земјата на патување, како и транзитните земји кои би спречиле пристигнување до дестинацијата;
- во случај на болест на патник што не е хронична, туку ненадејна, со лекарско уверение / потврда,
- во случај на смрт на патник или член на семејство.


*Skifun Гаранцијата не е валидна во случај надлежните институции да издадат регулатива дека на патниците им е потребен негативен PCR-тест, вакцина или виза за влез во земјата на дестинација.

- Патникот може да договори Skifun Гаранција најдоцна до првата уплата на аконтација за резервација, а таксата за истата може да се плати најдоцна истовремено со уплатата на аконтацијата за резервацијата.
- Skifun Гаранцијата може да се активира во кое било време, во случај на појава на предвидените околности, до денот на поаѓање на дестинацијата, односно до првиот ден на користење на првата услуга.


- Надоместокот за договарање на Skifun Гаранцијата е 5% од цената на аранжманот, односно сите услуги што ги резервирал патникот.
- Доколку се појави некоја од горенаведените околности, патникот има право еднострано да го откаже договорот за патување, кој ќе биде доставен во писмена форма на маил macedonia@skifun.eu, со соодветно лекарско уверение доколку договорот е откажан поради ненадејно заболување, а во случај на прогласена епидемија агенцијата е должна да објави допис од официјални институции. Агенцијата по откажувањето на договорот за патување во согласност со условите од Skifun Гаранцијата , ќе му ги врати на патникот средствата платени за сите резервирани и платени услуги, освен таксата за резервација и надоместокот  за Skifun Гаранцијата, во рок од 15 дена од откажувањето на патувањето од наведените причини. 




Патникот е должен да го плати износот на резервацијата за патување според скалата објавена на про-фактурата. Доколку патникот не ја изврши уплатата во рокот утврден со профактурата, агенцијата не е обврзана да прифати обврски согласно условите на Skifun Гаранцијата, туку во случај на откажување на договорот од страна на патникот, ќе постапи според општите услови за патување.
 

Skifun Гаранцијата е составен дел од Општите услови за патување.
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.