+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Автобуски
превоз




Предноста на организираниот автобуски превоз не е само во безбедноста и цената, туку и во начинот на патување. Патувањето кон француските Алпи е возбудливо само по себе. Ако плус имате време и да ја разгледувате околината, да читате книга, да пребарувате по телефон или да се забавувате со пријателите, тогаш можеме да кажеме дека патувањето со автобус навистина може да биде добар избор во целост.
Возењето Ви нуди можност да разговарате со професионалните водичи на SKIFUN, кои ќе можат да Ви одговорат дури и на најсложените прашања. Сите водичи на SKIFUN се искусни скијачи и познавачи на француските скијачки центри, па нивниот совет во автобусот или за време на одморот сигурно ќе Ви биде од корист.
Багажот нема да Ви биде проблем бидејки автобусите имаат дополнително место за ски опрема. Вашиот автомобил можеби и со кровен куфер нема да има доволно место, ќе Ви треба комби. Повеќето француски ски центри бараат плаќање за паркинг (70-100 евра неделно ), меѓутоа возило не Ви е потребно бидејќи Вашиот апартман ќе биде во непосредна близина на ски патеките.

Организираме оптимални автобуски услуги врз основа на 10- годишно искуство. Заминување од Македонија од Скопје, Струмица, Штип, Радовиш, Велес и Куманово, за поголеми групи и од други земји. Заминувањето од Скопје е закажано во петок во 07:00 часот, а до дестинацијата најчесто се пристигнува помеѓу 18.00 и 19.00 часот, земајќи предвид и неколку запирања - ова е и оптимално време за преземањето на апартманите.

Враќањето во Македонија е предвидено во петок во вечерните часови, најверојатно помеѓу 22:00 и 23:00 часот, со што се избегнуваат непријатностите на огромната гужва на патиштата во сабота наутро. Ноќното возење е исто така попријатно и побрзо (можност за спиење во автобусот). Пристигнување во Македонија во сабота наутро.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ :
1.ден - ПЕТОК: Поаѓање од паркингот во Скопје(точната локација ќе биде дополнително објавена) во 07.00 ч.. Средба со групата во Нов Белград во 15.00ч. Ноќно возење низ Хрватска и Словенија, со попатни задржувања на граничните премини за царински формалности и одмор.
2.ден - САБОТА: Возење низ Италија со попатни паузи за одмор. Купување на потребните продукти во француското место Modane, меѓу 12ч и 14ч, еден до два часа. Пристигање во ски центарот Valfrejus меѓу 16 и 17 ч., преземање на клучевите и влез во апартманите. Ноќевање.
3.-8. ден – НЕДЕЛА - ПЕТОК: Првиот ден во утринските часови од 8.30 мин. до 9: 00ч. преземање на ски картите и целодневно скијање. Шест дена скијање и престој во апартманите врз основа на платени услуги.
9.ден - САБОТА: Напуштање на студијата/ апартманите до 09: 30ч. Враќање за Македонија со пауза за шопинг во Vicolungo Outlet Center, во близина на Милано. Пауза за шопинг - 3часови. Продолжување на патувањето, ноќно возење низ Италија, Хрватска и Словенија.
10.ден – НЕДЕЛА: Пристигнување во Скопје, на местото на поаѓање во недела, во попладневни часови (15h-18h). Крај на услугата.

Планирана траса на патувањето: Скопје - Белград - Загреб - Љубљана - Fernetti - Милано - Торино - тунел Frejus - Modane - одбраната дестинација.

Автобуски превозник: АТЛАНТИС. Распоредот на седење во автобусот е направен според датумот кога патниците направиле резервација.Предност имаат деца и постари лица.

НАПОМЕНА: Доколку нема доволен број пријавени патници за одбраната дестинација, превозот ќе претрпи промена, со тоа што ќе бидете трансферирани до Белград и ќе се приклучите на групите од Србија. 


Тим SKIFUN Македонија

Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.