+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

   Повторно филтрирај 
loading ...

snow

СКИЈАЊЕ
2018/2019


Драги љубители на скијањето ,
 
При подготвувањето на понудите за ски сезоната 2018/2019 ги имавме на ум пред се' Вашите желби,пофалби, критики како и нашиот избор на најинтересни сместувања и програми.Со Ваша помош ја составивме најдобрата понуда. Фамилијарните бели недели, Ски опенинг и различните ски пакети  со сопствен или поволен автобуски превоз се наши предизвици кои ги победуваме повеќе од 10 години како би ја исполниле Вашата желба за совршен зимски одмор.
 
Посебно внимание им посветуваме на нашите приоритетни понуди Фамилијарни бели недели кои покрај најповолното сместување вклучуваат и ски карта ,врвна ски школа на српски јазик и посебно избрани центри во Aвстрија, Италија, Франција, Словенија , Србија и Босна. Заради навремено и наједноставно планирање на фамилијарната ски авантура, внимававме на термините на зимскиот распуст кои за училишната 2018/2019 година се предвидени во следниот период:
Заедно со ски центрите подготвивме и исклучителна погодност која Ви гарантира мирен сон пред поаѓање. Во случај на недостаток на снег во ски ресортот можеме да ви ги исплатиме сите уплатени средства. Со уплата на снежна гаранција остварувате сигурност дека Вашите пари ќе Ви бидат исплатени ако одбраниот ски центар биде официјално затворен.Ако тоа не Ви е доволно,можете да уплатите супер снежна гаранција и така ќе имате загарантирано бесплатен отказ на резервацијата до 3 дена пред поаѓање ако според Вашето мислење снежните услови во ски ресортот се незадоволителни.Повеќе за SKIFUN  снежната гаранција може да прочитате ОВДЕ:
 
Истовремено, свесни сме дека болест и други непријатности не е можно да се предвидат ,па затоа ви подготвивме можност за уплата  на oсигурување од отказ на патувањето. Станува збор за осигурување кое Ви овозможува да,во случај на отказ, сносите трошоци во износ од најмногу 10%- без обзир во кој момент ќе го откажете патувањето.
 
Патувањата и излетите, пред се' скијањето во планинскиот свет без обзир на должината може да бидат непредвидливи. Поволното патничко здравствено осигурување со доплата за ски ризик  ќе се погрижи за можните трошоци за лечење.
 
Вашето патување нека започне!
Вашиот SKIFUN тим 
Ski opening
Бела седмица за фамилии
Ski safari

Ski opening




Нашата дополнителна вредност се мери со вашето задоволство. Единствени Ski Opening пакети секоја година, секој декември и за сите генерации. Внимателно одбрани ски центри во Австрија, Италија и Франција, со богата понуда на сместување по најдобри услови...

Повеќе од

Избери го својот Ski opening пакет

Ski opening Saalbach

Датум: 05.12. - 08.12.2019 / 12.12. - 15.12.2019

SKIFUN советува: идеално за пробирливи скијачи

- 3 ноќи +3-дневна ски карта веќе од 178€!
- НОВО! Ски карта за 408 км патеки
-НОВО! Врска Saalbach - Zell am See

Бела седмица за фамилии




Фамилијарен клуб „Бели седмици“ е програма која се организира во повеќе термини за време на зимскиот распуст во јануари и февруари, во ски центрите на Аустрија, Италија и Франција.

Повеќе од

Избери ја најдобрата програма „БЕЛА СЕДМИЦА“

Ski safari




Ова е единствена прилика да посетите повеќе ски ресорти во тек на една недела. Пакетот покрај сместување, ски карта и автобус ги вклучува и трансферите до сите ски ресорти предвидени за обиколка според програмата на патување.

Повеќе од

Одбери го своето Ски Сафари задоволство

Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.