Kopaonik
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Kopaonik

Почетна страна  >  Serbia  >  Kopaonik
Сместување
15 Сместување
Ски патекa
62km Ски патекa
До
1057m До 1770m

Kopaonik



Копаоник, познат како Покривот на Србија, најголемиот планински масив во Србија и број еден зимска дестинација за одмор, но популарна и на лето.

Во својот највисок дел, Копаоник е како куќа со рамен кров, а овој дел се вика Равни Копаоник. Во областа на Равни Копаоник на надморска височина од околу 1780 m е сместено самото средиште на туристичкиот центар. Исто така,тука е и ски-центарот со над 55 км алпинистички патеки и 18 км нордиски патеки. Копаоник има ски патеки погодни за почетници и за искусни скијачи.

Највисокиот врв на Копаоник е Панчичев врв, на височина од 2017 м. каде се наоѓа мавзолејот на познатиот српски природонауник по кој и врвот го добил своето име.Последна желба на најголемиот српски научник од природните науки, Јосиф Панчиќ, била неговиот гроб да биде на оваа планина.

На Копаоник, во зависност од сезоната, гостите имаат на располагање бројни активности, како што се сноубординг и параглајдинг, за оние кои сакаат адреналин, планинарење (тука е Панчиќев врв, за најхрабрите, како и врвот Шиљак, Козје стене, Маркова стена, за оние кои се во нешто послаба кондиција), пешачки тури (Копаоник нуди голем број на (не)рамни патеки, каде што може да се оди сам или со помош на стручни водичи), а за оние кои сакаат предизвик, Копаоник е збогатен и со патеки за планински велосипедизам.

Копаоник ви нуди бројни едукативни и културно-историски тури и програми.

На Копаоник е можно да земете учество во некој од многуте образовни програми и обуки, меѓу кои, освен неизоставните ски школи, зимски спортови и јавање, кошарка, тенис ... Исто така, постојат различни програми за деца, училишта во природа, училиште за англиски јазик програми за губење на тежината и добивање кондиција, а бројните спортски терени се идеални за спортски подготовки. Копаоник е исто така дестинација за конгресен туризам.

Во околината на Копаоник може да се истражат манастирите (Студеница, Сопочани, Џурџеви ступови, Градац), може да ја посетите средновековната тврдина Маглиќ, што е уште подобро ако се спои со рафтинг на Ибар, а тука е и и винската тура (обиколка на Алексадровачката Парохија позната по квалитетно вино и ракија).

Можни се и излети, со закажување, а се организира и берење на сезонски шумски плодови и собирање на лековити билки.



Понуда на спорт и забава


1 СПА центар:
Информации за работното време на СПА центарот се може да најдете на рецепција.
1 Затворен базен:
Информација за работното време на затворениот базен може да најдете на рецепција.
1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Постојат неколку прехранбени продавници во местото.
1 Пекара
Постојат неколку пекарници во местото.
1 Отворен паркинг:
Расположливост на места и димензии на возилото задолжително да се провери на рецепција!
1 Гаража:
Расположливост на паркирни места со оглед на димензиите на вашето возило задолжително да се провери на рецепција пред доаѓање!
1 Туристичко биро
Работно време 08:00 -17.00 h , а во зимската сезона од 08:00h -22.00h
1 Банка/банкомат
Vojvođanska banka, Banka Intesa, Komercijalna banka, Poštanska štedionica (во Брзеќе)
1 Продавница за сувенири
Повеќе продавници и штандови со локални производи.
1 Полициска станица
+38136/5471-092, +38136/5471-977 локал 1620
1 Пошта
Пошта +38136/303-129
1 Болница
Амбуланта +38136/5471-094, работно време во работните денови 9-13h i 17-19h, викенд 9-11h i 17-19h
1 Лекар
Амбуланта +38136/5471-094, работно време во работните денови 9-13h i 17-19h, викенд 9-11h и 17-19h
1 Прва помош
Брза помош 066/8302532
1 Стоматолог
Амбуланта +38136/5471-094, работно време во работните денови 9-13h i 17-19h, викенд 9-11h и 17-19h
1 Аптека
Аптека - Konaci, тел. + 381365471-349
1 Планинска служба
Планинска служба +38163/466-466; www.gss.rs
1 Кино
3D кино во комплексот Конаци

Дополнителна понуда за скијачи


1 Куглање
Кугланата се наоѓа во хотел Гранд
1 Затворен тениски терен
Тениските терени се наоѓаат во хотел Гранд
1 Сквош
Терени зa squash во хотел Гранд
1 Лизгалиште
Постои лизгалиште во местото што работи секој ден од неделата
1 Ноќен клуб / дискотека
Повеќе кафулиња и барови.

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.