Val Senales-Schnalstal - Maso Corto - скијање - SKIFUN
+389 34 345 212
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна






Val Senales-Schnalstal

Почетна страна  >  Italija  >  Val Senales-Schnalstal
Сместување
3 Сместување
Ски патекa
42km Ски патекa
До
2011m До 3212m

Val Senales-Schnalstal



На северот на италијанската област Alto Adige (Јужен Тирол) се наоѓа долината Val Senales (Schnalstal), оддалечена 65 км од Болзано, главниот град на регионот и 40 км од Мерано. До овде води автопат, кој завршува после Болзано, од каде се свртува кон Мерано и долината Вал Веноста, од малиот град Натурино патот води до долината Вал Сенал, во свет изолиран од главните патишта и метежот на туристичките места. На самиот влез во долината Сеналес, љубителите на * stop over * можат да го посетат и интересниот замок Јувал.
На крајот од долината, на 2.011 мн.в., лежи малото гратче Масо Корто опкружено со прекрасни планински врвови. Во местото има хотелски комплекс, продавници, сувенирници и долната станица на гондолата што води до глечерот на 3.212 м.н.в.. Понудата за сместувачки капацитети на ова место е одлична, почнувајќи од апартманите сè до ski in/ski out хотелите со базени и all inclusive понуда по многу поволни цени. Љубителите на уметничко лизгање можат да го посетат лизгалиштето во Мадона ди Сеналес, оддалечено 10 км.
Глечерското скијалиште Schnalstal/Val Senales се протега од 2011 - 3212 м.н.в. и е отворено од септември до јуни. Живописната околина на Ötztal им нуди на гостите бројни зимски активности, квалитетно сместување и одлична гастрономска понуда.
Нетрпеливите скијачи со гондолата Kurzras/Maso Corto за само неколку минути стигнуваат до 42 км добро подготвени падини . Во зима, Вал Сеналес е мирен семеен ски центар со 42 км ски патеки, 10 км крос-кантри ски патеки и 5 км патеки за зимско пешачење. Највисоките ски патеки започнуваат од глечерот на 3212 м.н.в. и се спуштаат сè до Масо Корто. Ски патеките се погодни и за почетници и за врвни скијачи. Долгите и широки патеки ги воодушевуваат сите carving мајстори. Бројни меѓународни ски-тимови ја користат соодветната надморска височина и одличните услови за тренинзи - нивниот најголем предизвик е 8 км долгата патека Schumuggler,која е посебна атракција и оди од глечерот до местото, а потоа и црната патека Leo Gurschler. На глечерот има и сноуборд парк, така да секој ќе пронајде нешто за себе. Патеките за почетници се наоѓаат веднаш до долната станица на гондолата и се опремени со влечници, додека повеќето други патеки се опремени со седежници.Кај горната станица на гондолата се наоѓаат: Glacier Hotel Grawand - хотел на најголема надморска височина во Европа, ресторан кој во склоп има и постојана бесплатна изложба за настанокот на глечерите и алпскиот свет, а во близина има и изложба за праисторискиот човек - Глечерската мумија Ortzi - стара повеќе од 5.300години и која е пронајдена совршено зачувана.

Одберете го ова одлично скијалиште во Јужен Тирол и уживајте!



Понуда на спорт и забава


1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Продавници има во местото Maso Corto.
1 Пекара
Пекари има во местото Maso Corto.
1 Месара
Месарниците се во склоп на продавниците за храна.
1 Отворен паркинг:
Расположливост на места и димензии на возилото задолжително да се провери на рецепција!
1 Туристичко биро
Certosa 42, 39020 Val Senales
1 Банка/банкомат
Банкоматот е во склоп на супермаркетот Масо Корто.
1 Продавница за сувенири
Сувенирници има во местото Maso Corto.
1 Полициска станица
Полиција 112; Certosa 78, 39020 Val Senales
1 Пошта
Пошта има во местото Madonna di Senales.
1 Болница
Ospedale Merano; Via Rossini, 5, 39012 Merano
1 Лекар
Здравствена и итна служба: 118
1 Прва помош
Здравствена и итна служба: 118
1 Стоматолог
Стоматолог има во местото Мерано.
1 Аптека
Аптека има во местото Madonna di Senales.
1 Планинска служба
Горска служба за спасување: 118
1 Музеј
Archeopark - Madonna di Senales.

Дополнителна понуда за скијачи


1 Лизгалиште
Лизгалиште има во местото Madonna di Senales.
1 Качување по мраз
За IceClimbing контактирајте го Altratheis.
1 Snowshoeing
Контактирајте ја Tourist Office Val Senales.
1 Ski touring
Контактирајте ја Tourist Office Val Senales.

Галерија





loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.