Sesto Sexten
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Sesto Sexten

Почетна страна  >  Italija  >  Sesto Sexten
Сместување
10 Сместување
Ски патекa
101km Ски патекa
До
1175m До 2200m

Sesto Sexten



ЕДНОСТАВНО: TRE CIME

Во 2014 година Alta Pusteria почнала да дише со полна плуќа затоа што со новите жичарници ги поврзале Monte Elmo и Coda Rossa па со новата станица се приклучиле на Ski Express Val Pusteria до Kronplatz што на гостите на оваа долина им овозможило скијање на 200 км ски патеки. Во 2016 година го промениле и името на дестинацијата на- Tre Cime/Drei Zinnen Dolomiti. Ова име го избрале многу едноставно затоа што над долината се издига една од најголемите знаменитости на Доломитите - светски познатите врвови Tre Cime di Lavaredo.

5 ГРАДОВИ- 5 РАЗЛИЧНИ ДОЖИВУВАЊА

Во оваа пријатна и гостопримлива долина 5 населби живеат во потполна симбиоза со зимата. Во подножјето на планината се наоѓа Sesto кој е најпопуларен кај алпинистите, бордерите и загрижените скијачи затоа што повеќето од патеките се точно над местото. Често го бираат и љубителите на зимското кампување, затоа што Caravan Park Sexten се смета за најдобар зимско - скијачки камп во Европа. Покрај одличниот wellness тука се и куќичките со џакузи - на дрво!
San Candido е поурбан и мами на шопинг во живописната пешачка улица. Најубава е, се разбира, во декември за време на Mercatino di natale. Ски центарот Monte Baranca над местото нуди полесни и многу сигурни ски патеки. Dobbiaco обезбедува влез во романтичната долина Valle di Landro со две езера. Ова место важи за културен центар на Alta Pusteriа најмногу заради музичкиот фестивал Gustav Mahler, а покрај тоа Dobbiaco е светски познат нордиски центар со одлично уредена Nordic Arenа. Местото Villabassa е од XIX век климатска бања а денес може да се пофали со познатиот спа комплекс Kur Park Villabassa кој е уреден по принципите на Sebastian Kneipp и се простирана 5 хектари површина. Најмалиот Braies се наоѓа во истоимената долина.

93 - 200 - 1200 КИЛОМЕТРИ

Подрачјето Tre Cime Dolomiti во 2014 година е проширено на 93 км патеки и 32 жичарници, вклучувајќи и две нови гондоли за осум лица, кои преку Orto del Toro ги поврзуваат ски центрите Monte Elmo и Croda Rossa над Sestо. Гондолите исто така имаат добиено и црвени патеки Tre Cima и Orto del Toro. Љубителите на црните патеки овде ќе го пронајдат своето место. Во Sesto ве чека Holzries 1 и 2, со наклон од 71% и патеката Monte Elmo, која е долга скоро 5 км. Пократка и пострмна е црната патека Raut, а нешто поблага е 4,5 км долгата црвена патека Helmissimo, најдолгата велеслаломска патека во долината. Во Versiacо може да се качите на Ski Express Val Pusteria и за половина час ќе стигнете веднаш под ски центарот Kronplatz, каде што ве чекаат 119 км ски патеки. Доколку се одлучите да одите до Brunica со автомобил, може да продолжите и за кратко време ( пола час возење) ќе стигнете во Alta Badia или Arabba ( дополнителни 10 минути), па ќе уживате во Sella Rondа.

GRANDE GIRO DELLE CIME

Благодарение на поврзаноста со Orto del Toro го смислија Grande Giro delle Cime, големата обиколка на сите врвови на ски центарот. Во обиколка можете да одите само со помош на on-line маршутата или со водич, поаѓањето е во среда и недела од



Понуда на спорт и забава


1 Aqua park:
1 СПА центар:
Информации за работното време на СПА центарот се може да најдете на рецепција.
1 Масажа:
Сите дополнителни информации за масажите може да ги добиете на рецепција.
1 Затворен базен:
Информација за работното време на затворениот базен може да најдете на рецепција.
1 Сауна:
Информации за работно време и резервација на сауна се наоѓаат на рецепцијата.
1 Wellness центар:
Работното време на wellness центарот се наоѓа на рецепција.
1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Во местото има маркет.
1 Пекара
Во местото има пекари.
1 Туристичко биро
TIC Sesto, телефонски број +39 0474 710 310.
1 Банка/банкомат
Во местото има банка и банкомат.
1 Продавница за сувенири
Неколку помали продавници со подароци, сувенири и локални производи.
1 Полициска станица
Полиција: 112.
1 Пошта
Пошта Sesto, затворена во сабота и во недела.
1 Лекар
Медицинска и спасувачка служба: 118.
1 Прва помош
Медицинска и спасувачка служба: 118.
1 Аптека
Аптека Sesto, затворена во сабота и недела.
1 Планинска служба
Планинска спасувачка служба: 118.

Дополнителна понуда за скијачи


1 Затворен тениски терен
Покриени тениски терени во склоп на хотелот Union Toblach. Резервации и информации на тел. број +39 0474 970 100.
1 Лизгалиште
Повеќе лизгалишта во населбите во целата долина: Sesto, Dobbiaco и Villabassa.
1 Качување по мраз
Качување по замрзната карпа во придружба на водич. Сите информации и резервации на тел. број +39 0474 710 375.
1 Snowshoeing
Планинарење со водич, достапно секој ден, во зависност од временските услови. Информации и резервации на телефон +39 0474 710 375.
1 Ski touring
Тури низ околните планини придружени со лиценциран водич. Можност за изнајмување на опрема. Сите информации и резервации на тел. број +39 0474 710 375.

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.