Passo Tonale
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Passo Tonale

Почетна страна  >  Italija  >  Passo Tonale
Сместување
6 Сместување
Ски патекa
100km Ски патекa
До
1121m До 3016m

Passo Tonale



Passo Tonale, глечерот Presena, Ponte di Legno и Temu ја прават Adamello Ski, без сомнение една од најзначајните италијански ски области, која се карактеризира со голем број ски патеки и најсовремени објекти и опрема на ски инфраструктура. Италијанските региони Trentino и Lombardija ги поврзува превојот Passo Tonale, поставен на 1.883 м надморска височина.
Овде изграден е многу интересен ски - центар во кој ќе уживаат љубителите на глечери, freeride , но и фамилиите со деца.

Freeride е можен на сите страни , а ски патеки има од лесни почетнички, до оние најстрмните, резервирани за познавачите, кои не се плашат од лавини.
Во freeride може да се тргне користејќи ски лифтови или, овде многу популарно, качување по планината. Почетниците и родителите со деца ќе бидат воодушевени од централниот дел на ски центарот каде што патеките и лифтовите се наредени едни до други на иста падина.
Во подножјето се наоѓа посебна патека за санкање и патека за ноќно скијање.
Жичарниците се модерни, брзи и удобни.
Преовладуваат покриени едноседи , заради заштита од ветрот , кој овде знае да пречи.
Заради честиот ветар во делот на ски центарот Passo Tonale - Skifun избра сместување и училиште за деца во делот на ски центарот Ponte di Legno. Ponte di Legno (1256 м/ нв ) е прекрасен центар кој успеал да го задржи шармот на античкото село и одликите на недопрена природа. Со новата гондола , Passo Tonale е поврзан со ски патеките.



Понуда на спорт и забава


1 СПА центар:
Информации за работното време на СПА центарот се може да најдете на рецепција.
1 Масажа:
Сите дополнителни информации за масажите може да ги добиете на рецепција.
1 Затворен базен:
Информација за работното време на затворениот базен може да најдете на рецепција.
1 Wellness центар:
Работното време на wellness центарот се наоѓа на рецепција.
1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
1 продавница во Passo Tonale, 3 во Ponte di Legno.
1 Пекара
1 пекара во Passo Tonale, 2 во Ponte di Legno.
1 Месара
Месара Maccelleria Anna Maria Belli, Ponte di Legno; во склоп на продавниците во Ponte di Legno.
1 Отворен паркинг:
Расположливост на места и димензии на возилото задолжително да се провери на рецепција!
1 Туристичко биро
Туристички информативен центар Passo Tonale +39 0364 903 838.
1 Банка/банкомат
2 банки во Passo Tonale и 4 во Ponte di Legno, и неколку банкомати во двата града.
1 Продавница за сувенири
Продавница за сувенири во Passo Tonale, неколку продавници за сувенири со локални производи во Ponte di Legno.
1 Полициска станица
Полициската станица: унифициран код 115; полициска станица Ponte di Legno.
1 Пошта
Пошта во Ponte di Legno.
1 Болница
Болница Ospedale di Sondalo (17 км), Ospedale di Sondrio-Bormio (23 км).
1 Лекар
Доктор Dr. Bernardo Pizzolla, Ponte di Legno, телефонски број +39 0364 903 882 / Унифицирани број: 118.
1 Прва помош
Прва помош, унифициран број :118.
1 Стоматолог
Стоматолошка ординација Dr. Ezio Cominoli, Ponte di Legno, телефонски број +39 0364 900 588.
1 Аптека
3 аптеки ( затворени помеѓу 12:30 до 15:30 h ): Passo Tonale , (отворени само за време на викендите), Ponte di Legno (затворено во петок и недела) и Temo (4км, затворена во среда).
1 Планинска служба
Планинска служба , унифициран број : 118.
1 Кино
Кино, Cinema Alpi, Temu (4 км).
1 Музеј
Museo della guerra bianca, Temu (4 km).

Дополнителна понуда за скијачи


1 Лизгалиште
Pattinaggio Bar Chalet Savoia, Passo Tonale / картинг на мраз Passo Tonale / Pattinaggio Bar Brescia Paninoteca, Ponte di Legno.
1 Качување по мраз
Едно од најубавите качувања на мраз во Италија : Val Sozzine, на крајот од долината Val Camonica кај Ponte di Legno.
1 Санки со кучешка запрега
Scuola Italiana Sleddog Progres, Passo Tonale, телефон +39 338 813 7697.
1 Snowshoeing
Неколку означени патишта преку Passo Tonale и кај Ponte di Legno ( мапа во туристичко информативниот центар Passo Tonale).
1 Концерт: sredina februarja
Il Carnevale, дводневен карневал на снег и на улиците на Ponte di Legno.

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.