Marilleva 1400
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Marilleva 1400

Почетна страна  >  Italija  >  Marilleva 1400
Сместување
4 Сместување
Ски патекa
62km Ски патекa
До
900m До 2180m

Marilleva 1400



МАЛКУ Е ВСУШНОСТ МНОГУ !

Овој ски ресорт има вкупно 36 патеки во вкупна должина од 62 км. Третина од нив се совршени за почетници и деца, третина се средно тешки патеки , а нешто повеќе од 10 км се црни патеки кои ги задоволуваат и најпребирливите и најдобри скијачи. Лани над Marilleve ја отворија и патеката Little Grizzly , долга 810 м , со нагиб од неверојатни 70%. Од помалата Folgarida и поголемата Marilleva до врвот Monte Vigo (2179m) Ве возат 25 жичарници, повеќето се гондоли и двоседи. Основната ски карта важи за 62 км, со малку доплата може да скијате и во реонот Campiglio Doloiti Brenta, кој вклучува скијање во Madonnа di Campiglio, со која Folgarida-Marilleva е споена со жичарници, а таа ски карта важи за 150км патеки. Постои можност и за купување ски карта Skirama Dolomiti , која важи за 380 км патеки ,а со неа можете да скијате и во околните ски центри -Passo Tonale, Andalo, Folgaria.

БЕЗ ДОСАДА НА СНЕГОТ

Добро организирана забава на снег. На патеката Casinа бесплатно можете да ги измерите силите во слалом со мерење на времето. Во Marilleva на патеката Dos de la Pesa Facile, постои Ski Movie - пријавете се на www.ski.it и Вашите Facebook пријатели можат во живо да го гледаат Вашиот спуст додека ве снимаат 2 web камери. За бордерите и freestyle-ерите постои модерен snow park кај двоседот Sghirlat. За ноќно скијање во Marillevа е задолжена патеката Biancanev, тоа е вклучено во цената за стандардната ски карта. Најдобрата Apres-ski забава е на патеката Azzura во Folgarida. На почетокот на сезоната на web страната на ски ресортот се објавени датумите на концертите,манифестациите и фестивалите за цела сезона.
Секое лето ски ресортот ја подобрува и осовременува својата инфраструктура , па сега е новитет уште поголемиот систем за оснежнување, кој сега брои 600 топови , т.е. на секои 100 м патеки по еден. Покриеноста на ски ресортот со Wi-Fi сигнал е уште поголема. Третиот новитет е романтичен. Гондолата Belvedere 2 од оваа сезона работи и навечер. Ве води на Apres-ski забава на висина од 1860м, каде ќе најдете романтично катче за двајца или маса за поголемо друштво и ќе уживате во вечерите со поглед на Dolomitа Brenta.
Folgarida-Marilleva е одлично припремен ски центар за прифаќање деца . На дел од ски центарот Маlghet Aut е распространет најголемиот Family Park , лоциран веднаш до детската градинка во Folgarida, ски школата и сончевата тераса. Опремен е со две патеки и двоседот Бамби. Почетниците бордери си имаат свој снежен парк Easy Line. Ски школата Doloasa Kids е повеќе полигон игралиште каде постои и дел за санкање и тобоган. Покрај детската градинка за деца од 2-10 години, децата можат да се загреат и во игротеката, да гледаат цртани филмови , да играат Nintendo Wii...




Понуда на спорт и забава


1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Во местото има маркет
1 Пекара
Во местото има пекарници.
1 Туристичко биро
ТИЦ Marilleva, тел.бр.. +39 0463 757306.
1 Банка/банкомат
Во местото има банка и АТМ
1 Продавница за сувенири
Мали продавници за сувенири и локални производи
1 Полициска станица
Полиција 112
1 Лекар
Итна медицинска помош: 118
1 Прва помош
Итна медицинска помош: 118
1 Аптека
Аптека Marilleva 1400,, отворена секој ден.
1 Планинска служба
Планинска служба: 118
1 Кино
Кино во хотел Solaris.

Дополнителна понуда за скијачи


1 Snowshoeing
Одење по снег со водич,предвидено секој ден, во зависност од временските услови. Информации и резервации на телефон бр. +39 0463 901151.
1 Ski touring
Водени пешачки тури низ планините. Можност за изнајмување на опрема. Сите информации и резервации на тел. +39 0463 901151.
1 Ноќен клуб / дискотека
Повеќе ноќни клубови: Dai Angioi, Party и Cube.
1 Концерт: Snow Week Marilleva
Легендарно отворање на младинската сезона: мулти-дневен фестивал со богата музичка и спортска програма. На 2 или 3 викенди во декември, повеќе информации може да се најдат на www.snowweek.it

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.