Folgarida
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Folgarida

Почетна страна  >  Italija  >  Folgarida
Сместување
3 Сместување
Ски патекa
62km Ски патекa
До
900m До 2180m

Folgarida



МАЛКУ Е ВСУШНОСТ МНОГУ !

Овој ски ресорт има вкупно 36 патеки во вкупна должина од 62 км.Третина од нив се совршени за почетници и деца, третина се средно тешки патеки , а нешто повеќе од 10 км се црни патеки кои ги задоволуваат и најпребирливите и најдобри скијачи.Лани над Marilleve ја отворија и патеката Little Grizzly ,долга 810 м ,со нагиб од неверојатни 70%. Од помалата Folgaride и поголемата Marilleve до врвот Monte Vigo (2179m) Ве возат 25 жичарници,повеќето се гондоли.Основната ски карта важи за 62 км,со малку доплата може да скијате и во реонот Campiglio Doloiti Brenta, кој вклучува скијање во Madonnа di Campiglio, со која Folgarida-Marilleva е споена со жичарници,а таа ски карта важи за 150км патеки.Постои можност и за купување ски карта Skirama Dolomiti , која важи за 380 км патеки ,а со неа можете да скијате и во околните ски центри -Passo Tonale, Andalo, Folgaria.

БЕЗ ДОСАДА НА СНЕГОТ

Добро организирана забава на снег.На патеката Casinа бесплатно можете да ги измерите силите во слалом со мерење на времето. Во Marilleva на патеката Dos de la Pesa Facile, постои Ski Movie - пријавете се на www.ski.it и Вашите Facebook пријатели можат во живо да го гледаат Вашиот спуст додека ве снимаат 2 web камери.За бордерите и freestyle-ерите постои модерен snow park кај двоседот Sghirlat.За ноќно скијање во Marillevа е задолжена патеката Biancanev,при што тоа е вклучено во цената за стандардната ски карта. Најдобрата Apres-skiзабава е на патеката Azzur во Folgarida. На почетокот на сезоната на web страната на ски ресортот се објавени датумите на концертите,манифестациите и фестивалите за цела сезона.
Секое лето ски ресортот ја подобрува и осовременува својата инфраструктура ,па сега е новитет голениот систем за оснежнување кој сега брои 600 топови ,т.е. на секои 100 м патеки по еден.Покриеноста на ски ресортот со Wi-Fi сигнал е уште поголема.Третиот новитет е романтичен.Гондолата Belvedere 2 од оваа сезона работи и навечер. Ве води на Apres-ski забава на висина од 1860м, каде ќе најдете романтично катче за двајца или маса за поголемо друштво и ќе уживате во вечерите со поглед на Dolomitа Brenta.
Folgarida-Marilleva е одлично припремен ски центар за прифаќање деца . На дел од ски ценатрот Маlghet Aut е распространет најголемиот Family Park , лоциран веднаш до детската градинка во Folgarida, ски школите и сончевите тераси. Опремен е со две патеки и двоседот Бамби.Почетниците бордери си имаат свој снежен парк Easy Line. Ски школата Doloasa Kids е повеќе полигон игралиште каде постои и дел за санкање и тобоган.Покрај детската градинка за деца од 2-10 години, децата можат да се загреат и во игротеката ,да гледаат цртани филмови ,да играат Nintendo Wii...



Понуда на спорт и забава


1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Во местото има маркет.
1 Пекара
Во местото има пекара.
1 Туристичко биро
ТИЦ Folgarida, тел: +39 0463 986 608.
1 Банка/банкомат
Во местот има банкомат.
1 Продавница за сувенири
Во местото има мала продавница за сувенири и локални производи.
1 Лекар
Брза помош: 118.
1 Прва помош
Мала ординација за итни случаи, до аптеката.
1 Аптека
Аптека Folgarida отворена секој ден.
1 Планинска служба
Служба за итни случаи: 118

Дополнителна понуда за скијачи


1 Лизгалиште
Лизгалиште на отворено Folgarida, отворено секој ден од 18ч до 21ч, можност за изнајмување опрема.
1 Качување по мраз
Качување по замрзнати карпи со лиценциран водич. Информации на +39 0463 973278.
1 Snowshoeing
Прошетка со водич, секој ден зависно од временските услови. Информации на +39 0463 986350.
1 Ski touring
Тури по околните планини со лиценциран водич. Информации на +39 0463 986350.

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.