Folgaria
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Folgaria

Почетна страна  >  Italija  >  Folgaria
Сместување
7 Сместување
Ски патекa
104km Ски патекa
До
1200m До 1850m

Folgaria



SKI, SLEDDOG & FUN

Североисточно од езерото Lago di Garda се наоѓаат Alpe Cimbra со пространите ски патеки на ски ресортот Folgaria-Lavarone-Luserna. Убаво обликуваните и љубезни планини кои изненадуваат сред Dolomitа се совршени за млади фамилии и slow ski со кој можете да ја истражувате природата , историјата и кулинарските посебности на овие магични краеви...
Погледот преку падините се протега далеку и дава чувство дека во суштина не се наоѓаме на високи планини. Дури во далечината се насетуваат силуетите на Dolomita Brente и симболичната планина Monte Cornetto. Селата, како што е Luserna со 300 жители,се обележани со традиција: неразбирлив дијалект,,наследство од австро-унгарската монархија и битките од Првата светска војна, чија стогодишница во Доломитите слават веќе две години.

СКИЈАЊЕ ЗA СИТE

Пространските ски центри имаат вкупно 104 км повеќе или помалку едноставни патеки што минуваат низ шумите. Но сепак, 8 км шуми ги уредиле за назахтевните скијачи - најпознати се црните патеки Avez del Prinzep (Lavarone) и Agonistica (Folgaria), каде што често пати тренира и италијанската машка велеслаломска репрезентација. Скијалиштето не се наоѓа на истата планина, туку на гребените , така отвора можности за нови погледи; најубави се тие одMonte Piovernо. Како создадени за slow ski, со кој можете да ја истражувате природата, историја и кулинарството, сето тоа под името на марката Natura ... l ... mente Sci. Традицијата и лежерните терени во Фолгарија диктираат уште една посебност. Први во Италија поставија ски училиште Scie di Passione, каде што лицата со инвалидитет учат скијање, сноуборд и нордиско скијање, но истовремено им ја нудат и комплетната потребна опрема. Дури и куќарките кои се наоѓаат покрај скијачките трени се соодветно пристапни, но во секоја од нив има и инвалидски колички за уживање на тeрасата..

ТРГНЕТЕ ГИ НАСТРАНА СКИИТЕ

Понудата се надополнува со турно скијање, телемарк, три добро опремени снежни паркови, четири Easy паркови за почетници и патеки за boarder cross. Тркачите во центрите Folgarida Coe и Millegrobbe можат да победат вкупно 80 км патеки, на планинарите со чевли за снег им советуваат многу интересни патишта во дивината - најубавиот е Sentiero dell'Immaginario, 7-километарски пат на фантазија. Се попопуларен е fat bike, односно снежен велосипедизам. За такви настани,досега веќе се средени 50 км single trail патишта. Во Алјаски стил е можна и кучешка запрега што е исклучително популарен спорт во овие краишта. На кучешките запреги се наменети за повеќе од 60 километри патишта во околината на тркачките центри Alpe di Folgaria Coe и првенствено Millegrobbe, кој неодамна стана Centro Federale за овој спорт, кој нуди незаборавно искуство на алпската зима.

PERTI, FLIFLICK И BERTOLD

Folgaria е без сомнение еден од најдобрите семејни ски центри во Алпите; Од здружението на Италијанските педијатари доби дури и бе



Понуда на спорт и забава


1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Во местото се наоѓаат повеќе помали трговски центри.
1 Пекара
Во местото се наоѓаат неколку помали пекари и маркети.
1 Туристичко биро
ТИЦ Folgaria, отворен секој ден, во недела само попладне. Информации на телефонскиот број +39 046 4724 100
1 Банка/банкомат
три банки и неколку АТМ-и
1 Полициска станица
Полициска станица:112
1 Пошта
Пошта, Folgaria, телефон: +39 046 4721 228
1 Болница
Болница Trento, 30 километри оддалечена од Folgariа.
1 Лекар
Доктор, Dr. Giancarlo, телефон: +39 046 4720 529
1 Прва помош
Прва помош : 118
1 Стоматолог
Стоматолошка ординација Dr. Fabio Cusinato. Телефон: +39 046 4721 205
1 Планинска служба
Спасувачка служба: 118
1 Кино
Кино и театар Paradiso, информации на телефон: +39 046 4720 006
1 Музеј
Повеќе различни музеи кои се на понуда.Комплетна листа можете да најдете на: www.alpecimbra.it/en/activity/history-culture/museums

Дополнителна понуда за скијачи


1 Спортски центар
Спортски центар Palafolgaria - големи терени за кошарка, одбојка, мал фудбал, фитнес центар, базен,лизгалиште. Халата работи цела година, освен кога има натпреварувања и манифестации.
1 Лизгалиште
Лизгалиште Palaghiaccio, влез 5.50 € по лице, изнајмување лизгалки 3.50 €. Лизгалиштето е отворено цела година, освен за време на натпреварите. Информации на веб страницата www.palafolgaria.com
1 Санки со кучешка запрега
Кучешки запреги во Passo Coe, во вторник, сабота и недела. Цена на пакети од 15-50 € во зависност од бројот на пријавени и траењето. Информации и резервации на телефон: +39 333 3202 305
1 Санки со коњска запрега
Коњички центар Longanorbait, цена за едночасовно возење е 23 € по човек, попуст за групи. Информации и резервации на телефон: +39 347 8427 292
1 Snowshoeing
Големиот избор на пешачење по снег , зависно од должината и тежината. Цената зависи од бројот на пријавени и избрана тура. Резервации и информации на телефон: +39 338 9410 400 и +39 339 8163 266
1 Ski touring
Голема можност за ски тури во зависност од тежината и должината. Цената зависи од бројот на пријавени и избраната тура.

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.