Civetta
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Civetta

Почетна страна  >  Italija  >  Civetta
Сместување
8 Сместување
Ски патекa
80km Ски патекa
До
1000m До 2100m

Civetta



Ски патеките во местата Alleghe, Selva di Cadore и Val di Zoldo, меѓусебно се поврзани во Ski Civetta,едно од главните зимски средишта на провинцијата.
Опкружени се со прекрасните врвови од преку 3000m, Civetta и Pelmo. На север гледа на врвовите 5 Torri, a на запад на глечерот Marmoladа.Овој ски ресорт е национален парк и под заштита на UNESCO.
Ски ресортот е прилагоден првенствено на фамилии. Секое од споменатите места има детски снежен парк.
Во подножјето на Piani di Pezzè (Alleghe) 2015 год. е реновиран Happy Park кој се протега на 2000 м2 и нуди нови детски игралишта и ски- школа. Најмладите во понудата имаат додатна школа Parco Giochi Mignolo di Santa Fosca. Снежната градинка нуди многу забава, аниматорите се присутни да ја надополнат забавата, маскенбал, караоке, тоа е само дел од забавата, а за возрасните во понуда е изнајмување боб и санки.
За мајките вистинско доживувње претставува големата тераса за сончање и уживање.

Во местото Palma (Zoldo Alto) се наоѓа третата градинка во Civettа, Baby Park Ice Villagе.
Покрај постоечките забави во Happy Park-от во Mingolа се наоѓа ледено село во кое забавата е загарантирана , скриени тунели, игло, спуштање низ цевка, а можно е и да се организира роденденска прослава за најмладите.

На семејствата посебно им препорачуваме хотели кои нудат фамилијарни соби по поволни цени како и детски клубови.
Хотелиерите во Val di Zoldu заеднички организираат анимација за деца по одреден неделен распоред, како што се прошетки со факели, Winx и Disney забави, детски претстави и караоке , а последниот ден се организира голем натпревар на кој секој добива поклон од спонзорот.

40 км уредени ски патеки за нордиско скијање од кои е едно од најдобрите Pompeo Fattor во Palafaveri, додека во 2014 год. отворена е и стаза за биатлон. Неколку пати биле домаќини на меѓународните натпреварувања во биатлон.
Лизгање во хокеарската затворена сала во А.De Toni во областа Alleghe. Возењето со санките, особено интересно за најмладите во селцето Moreson над Zoldo Alto ја заокружува големата понуда на забава во ски центарот Civetta.

Покрај забавата на снегот не е занемарена ниту туристичка понуда во вид на посета на помали музеи. Во Selva di Cadore e Museo Vittorino Cazzetta, во Colle Santa Lucia - Istitut Cultural Ladin Cesa de Jan, во Forno di Zoldo пак Museo del Ferro e del Chiodo.

На целата област на ски центарот Civetta се наоѓаат бројни ресторани, кафеани, барови, каде што можете да уживате во прекрасниот амбиент со филџан Италијанско еспресо и да вкусите од добро познатите Италијански специјалитети.






Понуда на спорт и забава


1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Продавници во местото Alleghe, Val di Zoldo и Selva di Cadore .
1 Пекара
Пекари во местото Alleghe, Val di Zoldo in Selva di Cadore .
1 Месара
Месара во склоп на продавницата.
1 Отворен паркинг:
Расположливост на места и димензии на возилото задолжително да се провери на рецепција!
1 Туристичко биро
ТИЦ Zoldo +39 0437 789 295, ТИЦ Alleghe +39 0437 523 333
1 Банка/банкомат
По една банка во секое место во Alleghe, Selva di Cadore, Santa Fosca in Mareson (Palafavera), банкомати на сите места во близина на патеката.
1 Продавница за сувенири
Продавница за сувенири и локални производи во местото Alleghe, Val di Zoldo in Selva di Cadore.
1 Полициска станица
Полиција: 112 полициски станици се наоѓаат на сите места.
1 Пошта
Пошта Italiane се наоѓа во сите места.
1 Болница
Болницата се наоѓа во Ospedale Agordo (15 км) во Ospedale Giovanni Paolo II - Pieve di Cadore (20 км)
1 Лекар
Доктор : 118
1 Прва помош
Прва помош : 118
1 Стоматолог
Околу 20 стоматолошки ординации распоредени во местата Alleghe, Val di Zoldo in Selva di Cadore.
1 Аптека
Аптеките се наоѓаат во сите места ( затворено во периодот од 12:30 до 15:30)
1 Планинска служба
Шумска служба : 118
1 Музеј
Музеј Vittorino Cazzetta - Selva di Cadore, Istitut Cultural Ladin Cesa de Jan - Colle Santa Lucia, Museo del Ferro e del Chiodo - Forno di Zoldo

Дополнителна понуда за скијачи


1 Спортски центар
Хокеарска сала A. De Toni, со затворено лизгалиште во Alleghe.
1 Лизгалиште
Хокеарска сала A. De Toni, со затворено лизгалиште во Alleghe.
1 Санки со коњска запрега
Zoldo Alto, Loc. Moreson: +39 0437 789 145
1 Snowshoeing
Неколку услуги во Alleghe, Val di Zoldo во Selva di Cadore.
1 Ski touring
Ски тури : della Grande Guerra, del Civetta, -della Marmolada, delle Emozioni, Sella Ronda.
1 Ноќен клуб / дискотека
Zoldo Dome на долната станица на жичарницата Pecol.
1 Концерт: Festa della neve, december 2017
(Пред) отворање на сезоната, многу забава и музика во долината и колибите. Точната програма можете да ја најдете на www.alleghefunivie.com

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.