Arabba
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Arabba

Почетна страна  >  Italija  >  Arabba
Сместување
14 Сместување
Ски патекa
63km Ски патекa
До
1440m До 3269m

Arabba



ПАТЕКИ И ПОГЛЕД КАКО ОД СОНИШТАТА

Arabba е мало традиционално италијанско село сместено во срцето на славните Доломити, во долината Fodom, кое нуди големи можности за добро скијање како и за останатите зимски активности.

Arraba е лоцирана во центарот на Доломитите и претставува одлична почетна локација за скијање на Sella Rondа од едната страна, на која е директно поврзана, а на дргата страна на местото врзана е на глечерот Marmoladа. Marmolada иначе е највисоката ски точка во системот Dolomiti super ski со висина преку 3000 м. Dolomiti super ski опфаќа 12 ски центри и вкупно 1200 км ски патеки .

Arabba е одлично место кое овозможува многу различни скијачки задоволства, со пристапна цена , и спаѓа во едно од најдобрите и најпопуларни ски центри во Италија.

Голема понуда на апартмани и хотелски сместувања, каде што повеќето објекти имаат одлично место во однос на ски патеките и лесен пристап до истите. Некои објекти кои не се на патеката имаат свој превоз до таму и назад.



Понуда на спорт и забава


1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Во местото има помал супермаркет, кој се наоѓа во центарот на местото.
1 Пекара
Помала пекара со традиционални италијански производи, се наоѓа на кружниот тек.
1 Месара
Во местото се наоѓа месара, на излазот од местото на патот за Corvarа.
1 Туристичко биро
Во центарот на местото преку улицата каде што е црквата.
1 Банка/банкомат
Банката се наоѓа во близина на ski pass касата.
1 Продавница за сувенири
Сувенири може да се купат во помалиот маркет во центарот на градот или во туристичкиот информативен центар.
1 Прва помош
Прва помош: 118
1 Стоматолог
Стоматолошка ординација : Elise Cali се наоѓа покрај аптеката. Работно време секој ден од 09:00 до 12:00 и од 15:00 до 19:00 часот, освен во вторник, среда и недела, кога аптеката е затворена. Телефон: +39 333 835 9671
1 Аптека
Аптеката се наоѓа кај благајната на skipass- от, преку пат на хотелот Portavescovo.
1 Планинска служба
Прва помош : 118

Дополнителна понуда за скијачи


1 Лизгалиште
Лизгалиштето се наоѓа кај долната станица на гондолата Portavescovo.
1 Качување по мраз
Во околината се наоѓа леденaта карпа Glacions de Reba. Отварањето зависи од временските услови, работното време можете да го најдете на интернет.
1 Snowshoeing
Прошетка со чевли за снег - со водич по околните шуми и брда . Информации на страницата www.dolomiti.org
1 Ski touring
Ски тури: della Grande Guerra, - del Civetta, - della Marmolada, - delle Emozioni, - Sella Ronda

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.