Valmeinier
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Valmeinier

Почетна страна  >  Francija  >  Valmeinier
Сместување
9 Сместување
Ски патекa
150km Ски патекa
До
1430m До 2600m

Valmeinier



Valmeinier е едно од омилените ски центри во долината Maurienne. Се наоѓа на граница на Северните и Јужните Алпи и заедно со соседната долина Valloire ја претставува петтата најголема ски област на Савојските Алпи. Погоден е за сите категории на скиори, а посебно ќе уживаат бордерите и карверите, за кои се најубавите ски патеки на подрачјето Gros Crey. Ски ресортот е особено погоден за учење и за семеен одмор, ама и за групи млади, желни за добро друштво и одлично скијање.
Ски ресортот се простира на три брда со вкупна висинска разлика од 1170 м.н.в. Патеките се протегаат од 1430м -2600 м.н.в. На располагање се 150 км ски патеки, а дури 70% се на висина преку 2000 м.н.в.

Низ целата област има бројни ресторани, кафулиња, барови, продавници и кино. Голем избор на активности и за нескијачи, бесплатен мини воз и локален автобус кои возат по целата населба, прошетка со зимски чевли и возење со коњски запреги.

ОРГАНИЗИРАН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ВО ТЕРМИНИ: 05.01. - 12.01.2019 / 02.02. - 09.02.2019 / 09.03. - 16.03.2019

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ :
1.ден - ПЕТОК: Поаѓање од паркинг во Скопје
(точната локација ќе биде дополнително објавена) во 07.00 ч.. Средба со групата во Нов Белград во 15.00ч. Ноќно возење низ Хрватска и Словенија, со попатни задржувања на граница за царински формалности и одмор.
2.ден - САБОТА: Возење низ Италија со попатни паузи за одмор. Купување на потребните продукти во француското место Modane или Saint Michel-de-Maurienne, меѓу 12ч и 14ч, еден до два часа. Пристигање во ски центарот Valmeinier меѓу 16 и 18 ч., преземање на клучевите и влез во апартманите. Ноќевање.
3.-8. ден – НЕДЕЛА - ПЕТОК: Првиот ден во утринските часови од 8.30 мин. до 9: 00ч. преземање на ски картите и целодневно скијање. Шест дена скијање и престој во апартманите врз основа на платени услуги.
9.ден - САБОТА: Напуштање на студијата/ апартманите до 09: 30ч. Враќање за Македонија со пауза за шопинг во Vicolungo Outlet Center, во близина на Милано. Пауза за шопинг - 3часови. Продолжување на патувањето, ноќно возење низ Италија, Хрватска и Словенија.
10.ден – НЕДЕЛА: Пристигнување во Скопје, на местото на поаѓање во недела, во попладневни часови (15h-18h). Крај на услугата.

Планирана траса на патувањето: Скопје - Белград - Загреб - Љубљана - Fernetti - Милано - Торино - тунел Frejus - Modane - Saint Michel-de-Maurienne - Valmeinier.

Автобуски превозник: АТЛАНТИС. Распоредот на седење во автобусот е направен според датумот кога патниците направиле резервација.Предност имаат деца и постари лица.

ЗАБЕЛЕШКА: Агенцијата го задржува правото да го промени распоредот поради временски услови, сообраќајни метежи на граничните премини, сообраќајни несреќи и други околности.



Понуда на спорт и забава


1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Пијалак за добредојде
Пијалак за добредојде. Туристички информативен центар во повеќенаменскиот салон, или пред лизгалиштето. Информации на www.valmeinier.com
1 Продавница за овошје и зеленчук
Повеќе продавници (Spar и Sherpa).
1 Пекара
Продавници и помали пекари.
1 Месара
Месара Boby guy
1 Автобуски превоз
1 Туристичко биро
Туристички информативен центар Valmeinier 1800 во центарот на градот, телефонски број +33 479 595 369
1 Банка/банкомат
2 банкомати во местото Valmeinier 1800
1 Продавница за сувенири
Повеќе мали продавници со сувенири и локални производи
1 Полициска станица
Полициска станица : 17
1 Болница
Болница St. Jean de Maurienne, 29км оддалечена од Valmeinier 1800.
1 Лекар
Доктор во Valmeinier 1800 (до туристичко информативниот центар), телефонски број +33 982 532 155
1 Прва помош
Брза помош : унифициран број 15
1 Стоматолог
Стоматолошка ординација Dr. Delmas Michel u St. Michele de Maurianne (12 км оддалечена од Valmeiniera 1800). Телефонски број +33 479 565 468
1 Планинска служба
Планинска служба : 15

Дополнителна понуда за скијачи


1 Куглање
Куглана Le Lebowski се наоѓа во местото, кај лизгалиштето.
1 Лизгалиште
Во центарот на Valmeinier 1800, влезот е бесплатен. Отворено е во зависност од временските услови.
1 Санки со кучешка запрега
Тура со професионален водич и неговите хаски. Возење секој ден, децата мора да бидат постари од 8 години. Возење 30 мин .: 35 € возрасни, 27 € деца. Информации и резервации на телефонски број: +33 619 521 119
1 Snowshoeing
Качување на планина со локален водич, дневни и ноќни тури.Попуст за групи. Информации и резервации на телефонски број +33 622 365 328
1 Ски параглајдинг
Цените се движат од 150 € по лице, информации и резервации до +33 610 820 169
1 Параглајдинг
Лет во тандем, цените се движат од 65 до 100 € во зависност од местото на поаѓање. Информации и резервации на +33 610 820 169

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.