Val Cenis
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Val Cenis

Почетна страна  >  Francija  >  Val Cenis
Сместување
9 Сместување
Ски патекa
125km Ски патекa
До
1300m До 2800m

Val Cenis



Преубавата HAUTE MAURIENN

Фамилијарниот ски ресорт Val Cenis Vanoise се наоѓа во средина на националниот парк долж границата со Италија во прекрасната Савојска долина.

Модерна инфраструктура и 125km ски стази се издигат над населбата Termignon и местото Val Cenis, (кој се состои од населбата Lanslebourg, Lanslevillard и Val Cenis Le Haut).
Овие населби се поврзани со локален автобус,на падините се наоѓаат 28 жичници и претежно едноставни и лесни патеки, дури 60% се сини патеки, од таа причина ски центарот е погоден за фамилијарен одмор. За искусните скијачи, бордери и алпинисти има црна стаза Grand Mont Cenis.
Овде природата е неверојатна. На сите страни има високи алпски врвови кои го опколуваат националниот парк Vanoise.
До романтичниот врв Col du Mont Cenis, може да стасате со жичара, каде ќе го почувствувате ветрот кој доаѓа од паркот d'Avigliana во Италија.

Не очекувајте луда забава во вечерните часови, ова е место за мирен одмор.
Од дополнителна забава на располагање имате: планинарење по ледени врвови, нордиско скијање или биатлон во центарот Stade de Roller.
Заедно со најмладите уживајте во санкањето (стаза долга 900m), летајте со падобран, а навечер уживајте во спа центарот
Aqua Spa .

P.S Val Cenis припаѓа на голема ски регија Eski-Mo со 300km ски стази на пет ски ресорти кои се поврзани со локален автобус -покрај Val Cenis
тоа се Aussois, Bonneval, La Norma и Valfréjus.




Понуда на спорт и забава


1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Во местото има повеќе продавници.
1 Пекара
Во местото има повеќе мали пекари.
1 Туристичко биро
Туристичко информативен центар Val Cenis , тел. број +33 479 059 906.
1 Банка/банкомат
Повеќе банкомати во местото.
1 Продавница за сувенири
Повеќе мали продавници со поклони, сувенири и локални производи.
1 Полициска станица
Полициска станица, унифициран број 17.
1 Пошта
Пошта Val Cenis Lanslebourg, затворена во недела.
1 Лекар
Здравствен центар Val Cenis , тел. број +33 479 059 173 или унифициран броj: 15.
1 Прва помош
Брза помош, унифициран број : 15.
1 Аптека
Аптека Val Cenis Lanslebourg,отворена секој ден.
1 Планинска служба
Планинска служба, унифициран број: 15.
1 Кино
Кино La Ramasse , отворен секој ден, освен сабота. Билет 8 € возрасни, деца 6 €.

Дополнителна понуда за скијачи


1 Куглање
Bowling Le 1840, отворена секој ден. Цената е 8 € по лице за една игра. Се препорачува претходна резервација на +33 479 052 187.
1 Спортски центар
Спортски и спа центар Parc de Loisirs des Glières: базени, сауна, фитнес, вежбање. Телефонски број +33 479 058 932.
1 Лизгалиште
Отворено лизгалиште во близина на жичарницата La Ramasse.
1 Качување по мраз
Качување со водич по ледените водопади низ градот. Можност за изнајмување на опрема. Сите информации на телефонскиот број +33 643 498 797.
1 Санки со кучешка запрега
Возење со кучешка запрега, секој ден освен во сабота. Цената од 45 минути е 36 € за деца и 56 € за возрасни. Потребна валидна ски карта поради тоа што местото на состанувањето е на врвот на жичарницата Ramasse.
1 Snowshoeing
Качување по планина со водич, достапно секој ден, во зависност од временските услови. Цена нс тури за половина ден 26 € по лице со вклучена опрема. Информации на телефонскиот број +33 479 059 243 или во канцеларијата на ски школата ЕСФ.
1 Ski touring
Тури низ околните планини со лиценциран водич. Можност за изнајмување опрема. Информации на телефонскиот број +33 479 059 243 или во канцеларијата на ски школата ЕСФ.
1 Ски параглајдинг
Параглајдинг лет во тандем, цена 75 € по лице. Сите информации и резервации на +33 479 059 243 или во канцеларијата на Француската ски школа.
1 Параглајдинг
Параглајдинг лет во тандем, цена 75 € по лице. Сите информации и резервации на +33 479 059 243 или во канцеларијата на Француската ски школа.
1 Ноќен клуб / дискотека
Ноќен клуб Le Cle des Champs.

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.