St. Jean d'Arves
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

St. Jean d'Arves

Почетна страна  >  Francija  >  St. Jean d'Arves
Сместување
3 Сместување
Ски патекa
310km Ски патекa
До
1100m До 2620m

St. Jean d'Arves



ST. JEAN D'ARVES - ИДИЛИЧНА ЗИМА НА СЕЛО

Малата ски населба St. Jean d'Arves на туристите им нуди единствена прилика да ги комбинираат зимските празници во еден од најголемите француски ски центри и релаксирачки одмор на село. Се наоѓа во средината на ски-центарот Les Sybelles, но сепак , St. Jean d'Arves го има зачувано својот традиционален шарм и совршената атмосфера.

Ова мало скијачко местo нуди добро развиена инфраструктура и сите предуслови за совршен зимски одмор - совршена комбинација на одмор и уживање. По активниот ден на падините и ски патеките на Les Sybelles, туристите можат да поминат релаксирачка вечер во малите, пријатни ресторани и легендарниот Apresski бар. Елегантните викендички и сместувачки капацитети осигуруваат St. Jean d'Arves да Ви остане во совршено сеќавање.

ОРГАНИЗИРАН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ВО ТЕРМИНOT: 12.01. - 19.01.2019

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ :
1 Ден - ПЕТОК: Поаѓање од паркингот во Скопје(точното место ќе биде дополнително објавено) во 07.00. Средба со групата во Нов Белград во 15.00. Ноќно возење низ Хрватска и Словенија, со попатни задржувања на граница за царински формалности и одмор.
2 Ден- САБОТА: Возење низ Италија со попатни паузи за одмор. Купување на храна во еден од француските градови Modane или Saint Michel-de-Maurienne, меѓу 12ч и 14ч, еден до два часа. Пристигање во ски центарот St. Jean d Arves меѓу 16 и 18 ч., преземање на клучевите и влез во апартманите. Ноќевање.
3.-8. Ден - НЕДЕЛА - ПЕТОК: Првиот ден во утринските часови од 8.30 минути до 9: 00ч. преземање на ски картите и целодневно скијање. Шест дена скијање и престој во апартманите врз основа на платените услуги.
9 Ден - САБОТА: Напуштање на студијата / апартманите до 09: 30ч. Враќање за Македонија со пауза за шопинг во Vicolungo Outlet Center, во близина на Милано. Пауза во траење од 3ч. Продолжување на патувањето, ноќно возење низ Италија, Хрватска и Словенија.
10 ден - НЕДЕЛА: Пристигнување во Скопје, на местото на поаѓање во недела, во попладневните часови.(15h-18h). Крај на услугата.

Планирана траса на патувањето: Скопје - Белград - Загреб - Љубљана - Fernetti - Милано - Торино - тунел Frejus – Modane - Saint Michel-de-Maurienne - St. Jean d Arves.

Автобуски превозник: АТЛАНТИС. Распоредот на седење во автобусот е направен според датумот кога патниците направиле резервација.Предност имаат деца и постари лица.

ЗАБЕЛЕШКА: Агенцијата го задржува правото да го смени распоредот поради временски услови, сообраќајни метежи на граничните премини, сообраќајни несреќи и други околности.



Понуда на спорт и забава


1 Масажа:
Сите дополнителни информации за масажите може да ги добиете на рецепција.
1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Во местото има маркет.
1 Пекара
Во местото има пекара.
1 Туристичко биро
TIC St. Jean d'Arves , телефон +33 4 79 59 73 30.
1 Банка/банкомат
Во населбата има банкомат.
1 Продавница за сувенири
Неколку помали продавници со сувенири и локални производи.
1 Полициска станица
Унифициран број 17.
1 Лекар
Унифициран број 15.
1 Прва помош
Унифициран број 15.
1 Планинска служба
Унифициран број 15.
1 Кино
Кино Les Aiguilles.

Дополнителна понуда за скијачи


1 Качување по мраз
Качување по замрзнат водопад во присуство на водич. Сите информации и резервации на телефон +33 6 81 44 53 97.
1 Санки со кучешка запрега
Возење со кучешка запрега . Сите информации и резервации на телефон +33 6 82 75 99 26.
1 Snowshoeing
Планинарење со водич, секојдневно во зависност од временските услови. Сите информации и резервации на телефон +33 4 79 59 79 40.
1 Ski touring
Тури по околните планини во придружба на лиценциран водич. Можност за изнајмување на опрема. Сите информации и резервации на телефон +33 6 84 93 77 91.
1 Параглајдинг
Панорамски лет со падобран во тандем. Сите информации и резервации на телефон +33 6 80 15 86 47.
1 Ноќен клуб / дискотека
Ноќен клуб D'Sybell Club.

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.