Serre Chevalier
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Serre Chevalier

Почетна страна  >  Francija  >  Serre Chevalier
Сместување
11 Сместување
Ски патекa
250km Ски патекa
До
1200m До 2800m

Serre Chevalier



СОНЦЕ, СОНЦЕ

Овој ски центар се наоѓа во срцето на националниот парк Les Ecrins, под 4102м високиот врв Dome des Ecrins.
Меѓу нашите гости е омилен ски центар, како заради своите снежни услови, одличното сместување, така и заради својата цена. Со самото тоа гостите му се враќаат од година во година. Се наоѓа во благо Медитеранско подрачје со над 300 сончеви денови годишно , кои не и пречат на снежната покривка, која се задржува до пролетта.
Секој скијач ќе најде нешто за себе во овие 250 км ски патеки. Serre Chavaliere се опишува како шума која ги опкружува ски патеките. Борови стари над 100 год. се протегаат по целиот ски центар , но оставаат доволно простор за свиоци по ски патеките. Овој ски центар е познат и како родното место на познатиот француски и светски ски шампион во спуст Luc Alphand, по кој и една патека (најстрмната) го носи името.

ПИКНИК НА СНЕГ

Раководството на ски центарот минатата сезона имало интересна идеја, на подрачјето Croix de la Norа направиле голема тераса за пикник, со прекрасен поглед. На терасата можете бесплатно да користите обична скара, но и електрична . Терасата е покриена со Wi-Fi и е спремна за уживање . Таа новина била толку успешна, што од оваа сезона е направена уште една пикник област на подрачјето Cucumelle над Villeneuve.

ДОЛИНАТА CHEVALIERE

Ски центарот го добил своето име по истоимената долина на која се протега. Во самата долина има 4 населби: Briancon (најголемиот град во EU кој се наоѓа на висина преку 1200 м, има околу 11.000 жители и интересен стар град ), Chantelmerle ( типично мало алпско место кое изобилува со мир и тишина) , Villeneuve ( исто така мало алпско место, само за нијанса понеубаво од Chantelmerle) и Le Monetier Les Bains
(прочуената бања во тој дел на француските Алпи ).

ОРГАНИЗИРАН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ВО ТЕРМИНИТЕ: 05.01. - 12.01.2019 / 02.02. - 09.02.2019 / 09.03. - 16.03.2019

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ :
1 Ден - ПЕТОК: Поаѓање од паркингот во Скопје(точното место ќе биде дополнително објавено) во 07.00. Средба со групата во Нов Белград во 15.00. Ноќно возење низ Хрватска и Словенија, со попатни задржувања на граница за царински формалности и одмор.
2 Ден- САБОТА: Возење низ Италија со попатни паузи за одмор. Купување на храна во француското место Briancon, помеѓу 12ч и 14ч, еден до два часа. Пристигање во ски центарот Serre Chevalier меѓу 16 и 18 ч., преземање на клучевите и влез во апартманите. Ноќевање.
3.-8. Ден - НЕДЕЛА - ПЕТОК: Првиот ден во утринските часови од 8.30 минути до 9: 00ч. преземање на ски картите и целодневно скијање. Шест дена скијање и престој во апартманите врз основа на платените услуги.
9 Ден - САБОТА: Напуштање на студијата / апартманите до 09: 30ч. Враќање за Македонија со пауза за шопинг во Vicolungo Outlet Center, во близина на Милано. Пауза во траење од 3ч. Продолжување на патувањето, ноќно возење низ Италија, Хрватска и Словенија.
10 Ден - НЕД



Понуда на спорт и забава


1 Aqua park:
1 СПА центар:
Информации за работното време на СПА центарот се може да најдете на рецепција.
1 Масажа:
Сите дополнителни информации за масажите може да ги добиете на рецепција.
1 Базен за деца:
Информација за работното време на базенот за деца, може да најдете на рецепција.
1 Затворен базен:
Информација за работното време на затворениот базен може да најдете на рецепција.
1 Загреан отворен базен:
Информација за работно време на базенот може да најдете на рецепција.
1 Wellness центар:
Работното време на wellness центарот се наоѓа на рецепција.
1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Повеќе продавници и помали маркети во сите места во долината, во близина на шопинг центарот Geant Casino Briançon.
1 Пекара
10 пекари во Briançon а некои и во Chantemerle i Villeneuve.
1 Месара
4 месарници во Briançon а некои и во Chantemerle i Villeneuve.
1 Автобуски превоз
1 Отворен паркинг:
Расположливост на места и димензии на возилото задолжително да се провери на рецепција!
1 Гаража:
Расположливост на паркирни места со оглед на димензиите на вашето возило задолжително да се провери на рецепција пред доаѓање!
1 Туристичко биро
Туристичко информативен центар Serre Chevalier, тел. број +33 4 92 24 98 98.
1 Банка/банкомат
10 банки во Briançon, 2 во Chantemerle и 1 во Villeneuve, банкомати насекоаде во ски центарот.
1 Продавница за сувенири
Голем број на продавници со сувенири и локални производи во Briançon како и во целата долина.
1 Полициска станица
Полициска станица, тел. број +33 4 92 25 54 54.
1 Пошта
Пошта: 3 во Briançon и по една во Saint Chaffrey и Villeneuve.
1 Болница
Болница Centre Hospitalier des Escartons, Briançon.
1 Лекар
Медицински центар, тел. број +33 4 92 21 08 83.
1 Прва помош
Медицински центар, прва помош +33 4 92 21 08 83.
1 Стоматолог
18 стоматолошки ординации во Briançonu и во Villeneuve.
1 Аптека
6 аптеки во Briançon и по една во Chantemerle и Villeneuve.
1 Планинска служба
Планинска служба, тел. број +33 4 92 21 08 83.
1 Кино
Кино Cinéma Le Vauban, Briançon и Cinéma Villeneuve.
1 Музеј
Musée de l’histoire du ski (историски ски музеј) и разглед на Briançon, град заштитен од UNESCO.

Дополнителна понуда за скијачи


1 Куглање
Куглана , Bowling des neiges, Saint Chaffrey (куглање, билјард, air hockey).
1 Затворен тениски терен
Затворен тениски терен, Tennis Club - Parc des Sports, Briançon .
1 Сквош
Сквош, Alp'Squash, Briançon .
1 Спортски центар
Спортски центар Alp'Squash, Briançon (бадмингтон, пинг - понг).
1 Лизгалиште
Затворено лизгалиште, Parc 1326, Briançon и отворено лизгалиште Villeneuve ( со доплата) и Le Monetier les Bains (бесплатен влез) , во двата може да се изнајмат лизгалки.
1 Качување по мраз
Ecrins prestige, Briançon тел.број +33 6 33 76 75 38 , и Bureau des Guides, Briançon, тел. број +33 4 92 20 15 73 .
1 Санки со кучешка запрега
Кучешки запреги, 7 агенции во Briançon и во околината.
1 Snowshoeing
Организирани тури и изнајмување на опрема за качување во Ecrins prestige, Briançon, тел. број : +33 6 33 76 75 38 и Bureau des Guides, Briançon, тел. број +33 4 92 20 15 73.
1 Ski touring
Ecrins prestige, Briançon, тел. број : +33 6 33 76 75 38 и Bureau des Guides, Briançon, тел. број : +33 4 92 20 15 73 .
1 Ски параглајдинг
Emotion'Air, Briançon, тел. број : +33 6 88 47 01 55.
1 Параглајдинг
Emotion'Air, Briançon, тел. број : +33 6 88 47 01 55.
1 Ноќен клуб / дискотека
Повеќе ноќни клубови, посебно во местото La Salle des Alpes.
1 Концерт: konec januarja - začetek februarja
Altitude Jazz Festival

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.