Samoens
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Samoens

Почетна страна  >  Francija  >  Samoens
Сместување
8 Сместување
Ски патекa
265km Ски патекa
До
700m До 2500m

Samoens



НАПОЛНЕТЕ ГИ БАТЕРИИТЕ

Le Grand Massif, четвртата по големина француска поврзана област, се состои од ски областите Samoëns, Flaine, Morillon, Les Carroz и Sixt-Fer-a-Cheval. Најсимпатичниот меѓу нив, Samoëns, можеби не сте го слушнале никогаш досега. Баш тоа е голема штета, бидејки тој е еден од најголемите ски центри прилагодени на почетници, а сепак поврзан со 265 км патеки за сите нивоа на знаење и вкусови.
Samoens е познат по својата одлична локација во Le Grand Massif, но тоа не е обично планинско место кое е тука за скијачите, туку баш спротивно. Скијачите доаѓаат тука, бидејќи е толку магичен, поинаков и полн со позитивна енергија.

ТРАДИЦИЈА И ГОСТОПРИМСТВО

Има богата традиција и веројатно е единствениот ски ресорт во светот под заштита на споменици. Погледнете ги скулптурите и другите уметнички дела на улиците и плоштадот Gros Tilleul, а потоа свртете се кон еко-музејот. Да, тие го имаат и него исто така, и не случајно, бидејќи бесконечно ја почитуваат природата. Затоа, нивните деца и гости се свесни за важноста на еколошкиот туризам, од којшто дел се и туристите. Без разлика дали се возите со Septrainrain возот по селото, можете исто така да истражите поголем круг низ долината. Тие се многу гостопримливи, па навечер ќе можете да прошетате меѓу нив. Од бројните конаци, мирисот на француската кујна и планинските деликатеси, кои се многу популарни овде, се шират - fondue, raclette и друга лесна храна. Исто така apres-ski не препознава светлосни ефекти и големи звучници. Напротив, тоа е романтично и пријатно. Можат да се забавуваат без гласна музика, а наместо големи трговски центри, се организираат продавници со сите можни работи, па така дури купувате се дружите со нив и уживате во малите работи и лични изложби.

ДА, ИСТО ТАКА И СКИЈАЊЕ!

Пред да се зашеметите од убавината на Samoens, не заборавајте дека дојдовте на скијање.Почетниците и децата ќе уживаат бидејќи Samoens е најголемото скијачко место за почетници во Франција. Младите можат да изберат ZE паркови Arvel Safari, шума и нов крст. Најзабавен е Cool Zone de l'Oasis, како и новиот Ice Star de Glace, со лиценца од Les Carroz, со јунаците од леденото доба.



Понуда на спорт и забава


1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Во местото има повеќе маркети.
1 Пекара
Во местото има повеќе пекари.
1 Туристичко биро
ТИЦ Samoens, отворен секој ден. Тел: +33 4 50 34 40 28
1 Банка/банкомат
Две банки и повеќе банкомати во местото
1 Продавница за сувенири
Повеќе мали продавници за сувенири и локални производи
1 Полициска станица
Полициска станица Samoens, тел: +33 4 50 90 82 97
1 Пошта
Пошта Samoens, не работи во сабота и недела, телефон +33 4 50 34 42 00.
1 Лекар
Samoens здравствен центар - работи секој ден, за викенд и празник само предпладне. Телефонски број +33 4 50 34 41 88.
1 Прва помош
Брза помош, поврзувачки бр.: 15
1 Стоматолог
Стоматолошка ординација Dr. Pierre Cohen, затворена во сабота и недела. Телефон +33 4 50 34 14 55.
1 Аптека
Аптека, затворена во недела, телефон +33 4 50 34 40 10
1 Планинска служба
Планинска слушба, поврзувачки бр.: 15
1 Кино
Кино Le Criou, проекција на англиски јазик во текот на неделата во 2Д и 3D техника. Затворен во сабота. Сите информации на телефонскиот број +33 4 50 34 41 40.

Дополнителна понуда за скијачи


1 Куглање
Куглана Le River Bowl, отворено секој ден од 11ч до 02ч. Резервации на +33 4 50 96 41 35.
1 Затворен тениски терен
Тениски терен во спортска сала Le Bois aux Dames, резервации на +33 4 50 34 13 93.
1 Спортски центар
Спортски центар Le Bois aux Dames: ѕид за качување, тенис и бадминтон
1 Лизгалиште
Во местото има две лизгалишта, двете се со предвремена резервација
1 Нуркање
Се одржува на езерото Montriond, само со претходна резервација. Сите информации и резервации на телефонски број +33 6 07 14 95 39.
1 Качување по мраз
Искачување по замрзнати водопади по околните. Сите информации и резервации на телефонскиот број +33 6 31 20 44 10.
1 Санки со кучешка запрега
Патувања со санки влечени од кучиња, на располагање секој ден. Сите информации и резервации по телефон +33 4 50 96 64 19.
1 Snowshoeing
Качување по планини со чевли за снег со водич, секој ден, во зависност од временските услови. Информации и резервации по телефон +33 4 50 53 38 92.
1 Ski touring
Тури по околните планини, во придружба од лиценциран водич. Можност за изнајмување на опрема. Сите информации и резервации по телефон +33 4 50 34 48 03.
1 Параглајдинг
Панорамско параглајдерство во тандем, резервации и информации за телефонски број +33 6 31 20 44 10.

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.