Orcieres
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Orcieres

Почетна страна  >  Francija  >  Orcieres
Сместување
8 Сместување
Ски патекa
100km Ски патекa
До
1850m До 2725m

Orcieres



ОД ПТИЧЈА ПЕРСПЕКТИВА

Модерниот и фамилијарен ски центар со 50-годишна традиција нуди скијање и забава за сечиј вкус. Адреналинските зависници исто така можат да ја користат и најдолгата ''Zip Line'' патека во Европа!

Orcières-Merlette 1850 нуди100км ски патеки и околу 50 км патеки за трчање со 300 сончеви денови годишно. Одлична инфраструктура и богата понуда на активности на отворено. Спортски центар Lа Grand Ourse, базени со тобогани, спа центар, лизгалиште, куглана и сала каде што се одржуваат тематски забави и концерти.

Покрај скијањето, денски Orciéres нуди и друга разонода, санкање, zip-line, прошетка со кучешка запрега или само да пешачите, а за оние кои сакаат да уживаат во погледите препорачуваме и летање со параглајдери.

ОРГАНИЗИРАН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ВО ТЕРМИНИТЕ: 05.01. - 12.01.2019 / 02.02. - 09.02.2019 / 09.03. - 16.03.2019

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ :
1 Ден - ПЕТОК: Поаѓање од паркингот во Скопје(точното место ќе биде дополнително објавено) во 07.00. Средба со групата во Нов Белград во 15.00. Ноќно возење низ Хрватска и Словенија, со попатни задржувања на граница за царински формалности и одмор.
2 Ден- САБОТА: Возење низ Италија со попатни паузи за одмор. Купување на храна во француското место Briancon, помеѓу 12ч и 14ч, еден до два часа. Пристигање во ски центарот Orcieres меѓу 16 и 18 ч., преземање на клучевите и влез во апартманите. Ноќевање.
3.-8. Ден - НЕДЕЛА - ПЕТОК: Првиот ден во утринските часови од 8.30 минути до 9: 00ч. преземање на ски картите и целодневно скијање. Шест дена скијање и престој во апартманите врз основа на платените услуги.
9 Ден - САБОТА: Напуштање на студијата / апартманите до 09: 30ч. Враќање за Македонија со пауза за шопинг во Vicolungo Outlet Center, во близина на Милано. Пауза во траење од 3ч. Продолжување на патувањето, ноќно возење низ Италија, Хрватска и Словенија.
10 Ден - НЕДЕЛА: Пристигнување во Скопје, на местото на поаѓање во недела, во попладневните часови.(15h-18h). Крај на услугата.

Планирана траса на патувањето: Скопје - Белград - Загреб - Љубљана - Fernetti - Милано - Торино - Oulx – премин Montgenevre – Briancon – Orcieres.

Автобуски превозник: АТЛАНТИС. Распоредот на седење во автобусот е направен според датумот кога патниците направиле резервација.Предност имаат деца и постари лица.

ЗАБЕЛЕШКА: Агенцијата го задржува правото да го смени распоредот поради временски услови, сообраќајни метежи на граничните премини, сообраќајни несреќи и други околности.



Понуда на спорт и забава


1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Повеќе супермаркети во крајот.
1 Пекара
Супермаркети и мали пекари.
1 Месара
Супермаркети и мали месарници.
1 Туристичко биро
Туристичко информативен центар на Orcieres, телефон +33 492 558 989.
1 Банка/банкомат
Неколку различни банки и банкомати во местото.
1 Продавница за сувенири
Повеќе продавници со подароци, сувенири и локални производи.
1 Полициска станица
Полициска станица Orcieres, телефонски број +33 492 557 863 или општ број 17.
1 Пошта
Пошта La Poste во градот.
1 Болница
Болница Gap 40 километри од Oriceres.
1 Лекар
Orcieres медицински кабинет отворен секој ден. Телефонски број +33 492 557 077.
1 Прва помош
Прва помош телефонски број: 15.
1 Аптека
Аптека Oriceres Pharmacy, отворена секој ден. Телефонски број +33 492 557 113.
1 Планинска служба
Планинска служба, телефонски број 15.
1 Кино
Кино Le Poom, коe има две сали, проекциите се два пати дневно: од 18:00h и од 20:30h. Цената на билетот е 7,50 € по лице. Информации на тел. број +33 492 558 989.

Дополнителна понуда за скијачи


1 Куглање
Во комплексот Le Grand Ourse се достапни 6 ленти. Информации и резервации на локација или телефонски број +33 492 558 972.
1 Спортски центар
Повеќенаменски комплекс The Grande Ourse: куглана, лизгалиште, фитнес, базен, тематски вечери, кино. Информации на тел. број +33 492 558 996.
1 Лизгалиште
Покриено лизгалиште Jardin des Glaces, отворено секој ден (освен за настани и натпревари кои се одвиваат во салата). Неколку дена во неделата има и анимациски програм и претстави на мраз за сите возрасти. Информации на www.oriceres.com al
1 Качување по мраз
Во околината на Orcieres можете да најдете некои од најубавите ледени карпи за качување . 3 агенции организираат качување со водич, и можност за изнајмување опрема. Информации на web страната www.orcieres.com или на тел. број +33 492 558 989.
1 Санки со кучешка запрега
Запрега со сибирски хаски ве чека на платото, информации и резервации на +33 660 683 244 или +33 687 374 830.
1 Санки со коњска запрега
Возење со коњска запрега, достапно секој ден со претходна резервација - во зависност од временските услови. Информации и резервации на +33 621 264 471.
1 Snowshoeing
Достапни се повеќе од 15 км патеки за планинарење, во местото има 5 агенции со голема понуда за изнајмување на опрема. Информации на www.orcieres.com или на тел. број +33 492 558 989.
1 Ski touring
Постојат 3 агенции кои организираат ски тури со водич. Информации на web страната www.orcieres.com или на тел. број +33 492 558 989.
1 Ски параглајдинг
Постојат 4 агенции кои организираат параглајдерски летови . Информации на web страната www.orcieres.com или на +33 492 558 989.
1 Параглајдинг
Постојат 4 агенции кои организираат параглајдерски летови . Информации на web страната www.orcieres.com или на +33 492 558 989.

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.