Meribel
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Meribel

Почетна страна  >  Francija  >  Meribel
Сместување
3 Сместување
Ски патекa
150km Ски патекa
До
1450m До 2952m

Meribel



Во срцето на XXL ски подрачјето Les Trois Vallées лежи Méribel. Тоа е ексклузивно место за зимски спортови и нуди уникатен амбиент. Опкружен со импресивна борова шума, Meribel од една страна претставува модерна населба, но со другата страна го карактеризира традиционалната Савојска архитектура со шалети, чии фасади во глобала се обложени со камен и дрво. Освен населбите Méribel-Centre, Méribel-Village и Méribel-Mottaret, кои се наоѓаат на надморска височина помеѓу 1400 и 1750 метри, во Vallee des Allues, се наоѓаат и местото со терми Brides Les Bains, на надморска височина од 600 метри и на станицата во долината Les Allues на висина од 1100m.
Со своите 2950 м, Mont du Vallon е највисокиот врв на овој ски центар. Méribel е многу популарен поради својата позиција во центарот на Trois Vallées,бидејќи нуди оптимално поаѓање за истражување на ски ресортите. Благодарение на одличната поврзаност на жичарите од двете страни на долините Belleville и Courchevel, најголемото ски подрачје на светот Ви е ,така речено,пред врата. Долината Méribel нуди разновиден пејзаж, огромни снежни површини и идеални патеки за секој скијач. Да не го забораваме и признанието со кое е додликуван- ски ресорт за семејни одмори.


snow

Понуда на спорт и забава


1 СПА центар:
Информации за работното време на СПА центарот се може да најдете на рецепција.
1 Масажа:
Сите дополнителни информации за масажите може да ги добиете на рецепција.
1 Wellness центар:
Работното време на wellness центарот се наоѓа на рецепција.
1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Во местото има повеќе маркети.
1 Пекара
Во местото има повеќе пекари.
1 Туристичко биро
TIC Meribel, тел број. +33 479 086 001.
1 Банка/банкомат
Во местото има две банки и повеќе банкомати.
1 Продавница за сувенири
Во градот има неколку продавници со сувенири, подароци и бројни локални производи.
1 Полициска станица
Полициска станица Мерибел, тел. +33 479 005 892 или 17.
1 Пошта
Поштата во Марибел е затворена во сабота и недела.
1 Лекар
Meribel медицински центар, тел.бр. +33 479 086 041 или 15
1 Прва помош
Заеднички тел.број:15
1 Аптека
Аптека Maribel отворена секој ден 9:30 - 18: 3ч
1 Планинска служба
Заеднички тел.број:15
1 Кино
Две кина

Дополнителна понуда за скијачи


1 Куглање
Bowling Meribel отворена секој ден. Резервации на тел + 33 479 003 644.
1 Спортски центар
Parc Olmpique: лизгалиште, базен, фитнес, велнес, качување по карпи.
1 Лизгалиште
Лизгалиште во спортски комплекс Parc Olmpique, отворен секој ден. Можност за изнајмување на лизгање.
1 Качување по мраз
Качување на мраз ѕид придружени со водич. Сите информации и резервации на тел. +33 479 003 038.
1 Санки со кучешка запрега
Возење со кучешка запрега, придружено со водич.Сите информации и резервации на тел. +44 1964 533 905.
1 Санки со коњска запрега
Возење со коњ.. Сите информации и резервации на тел. +33 457 371 721.
1 Snowshoeing
Пешачење по снег придружено од водич, достапно секој ден, во зависност од временските услови. Сите информации и резервации на телефонскиот број. +33 4 79 08 60 31 или во ски-школата на ЕСФ.
1 Ski touring
Водени тури до околните скијачки центри придружени со лиценциран водич. Сите информации и резервации на тел. +33 479 003 038.
1 Ски параглајдинг
Панорамски лет со тандем падобран и скијање. Резервации и информации на тел. +33 479 085 336.
1 Параглајдинг
Панорамски лет со тандем падобран и скијање. Резервации и информации на тел. +33 479 085 336.
1 Ноќен клуб / дискотека
O'Sullivans Den bar & Club, Les Saint-Peres, Le Privilege, Jacks Bar.

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.