Les Orres
СПУСТ и SKI JOERING
Со неколку зборови: Фамилијарен ски центар, патеки прилагодени на сите вкусови, многу забава и одличен баланс меѓу цената и квалитетот.
Иако споредено со другите француски ски центри е мал, нуди комплекс што е одличен за вашиот одмор: 100 км ски патеки за сите нивоа на скијачи и модерна инфраструктура , која лесно и брзо ќе ве одведе до врвот на патеките, многу терени за Freeride во комбинација со многу сончеви денови.
Искусните скијачи ќе уживаат на патеката Grand Cabane (на која вози ски лифтот Poustrele) која нуди прекрасен поглед на долината и езерото Sainte Marguerite. Прекрасна е и патеката Myrtilles (ски лифт Grand Clos) по која возите низ срцето на шумата, додека патеката Faucons (ски лифт Marmottes) нуди неверојатен поглед од 360 степени на околината на ски центарот.
Патеката La Pousterle од 1979 година има дозвола за организирање меѓународни FIS натпревари во спуст. И ден денес е единствена патека на Јужните Алпи која има таква лиценца и која организира такви натпревари. Секако, патеката е црна и долга 4 км, со висинска разлика од 752 м.
Les Orres e познат и по Ski Joëring-от. Овде може да уживате во јавањето коњи на снег или да уживате додека Ве влечат коњи дури скијате. Традиционална метода за возење во овие краишта. Исто така, постојат и запреги кои ги влечат кучиња. Има и тобоган со неколку кривини ,а од минатата година и Airboard, сличен на howerbord , само на снег.
ОРГАНИЗИРАН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: 05.01. - 12.01.2019 / 02.02. - 09.02.2019 / 09.03. - 16.03.2019
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ :
1 Ден - ПЕТОК: Поаѓање од паркингот во Скопје(точното место ќе биде дополнително објавено) во 07.00. Средба со групата во Нов Белград во 15.00. Ноќно возење низ Хрватска и Словенија, со попатни задржувања на граница за царински формалности и одмор.
2 Ден- САБОТА: Возење низ Италија со попатни паузи за одмор. Купување на храна во француското место Briancon, помеѓу 12ч и 14ч, еден до два часа. Пристигање во ски центарот Les Orres меѓу 16 и 18 ч., преземање на клучевите и влез во апартманите. Ноќевање.
3.-8. Ден - НЕДЕЛА - ПЕТОК: Првиот ден во утринските часови од 8.30 минути до 9: 00ч. преземање на ски картите и целодневно скијање. Шест дена скијање и престој во апартманите врз основа на платените услуги.
9 Ден - САБОТА: Напуштање на студијата / апартманите до 09: 30ч. Враќање за Македонија со пауза за шопинг во Vicolungo Outlet Center, во близина на Милано. Пауза во траење од 3ч. Продолжување на патувањето, ноќно возење низ Италија, Хрватска и Словенија.
10 Ден - НЕДЕЛА: Пристигнување во Скопје, на местото на поаѓање во недела, во попладневните часови.(15h-18h). Крај на услугата.
Планирана траса на патувањето: Скопје - Белград - Загреб - Љубљана - Fernetti - Милано - Торино - Oulx – премин Montgenevre – Briancon – Les Orres.
Автобуски превозник: АТЛАНТИС. Распоредот на седење во автобусот е направен според датумот кога патниците напра