Les 2 Alpes
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Les 2 Alpes

Почетна страна  >  Francija  >  Les 2 Alpes
Сместување
32 Сместување
Ски патекa
225km Ски патекa
До
1280m До 3600m

Les 2 Alpes



Les 2 Alpes, вториот најстар ски центар во Европа после Chamonix, а воедно и еден од највисоките кој со својот глечер од 3600 м.н.в. овозможува скијање и во летниот период.

Град со околу 2000 жители , многубројни ресторани и барови. Градот е на 1650 м.н.в. и го разделува ски ресортот на два дела, на јужен и северен при што северниот дел е многу поголем. На јужниот дел, ски патеките се воглавно црвени , каде што се возите исклучиво во четвороседи, додека на северната страна се наоѓаат сите категории на ски патеки.

Les 2 Alpes исто така е познат и по најтешката црна патека во Европа (Grand Colouire) како и по најголемиот ски глечер по површина во Европа 120ha и висина од 3568 м.н.в. Ски ресортот е некарактеристичен француски каде што гондолата Jandri ве носи до главниот дел на ски ресортот. Познат е по долгите и широки ски патеки за сите типови на скијачи, како и одличните услови за off-piste.
До врвот на глечерот се доаѓа со воз или сидро, патеките се воглавно сини со понекоја црвена, широки и одлични за вежбање на техника.

Les 2 Alpes е омилен помеѓу многу скијачи , особено младите заради својот ноќен живот и најдобрите apress-ski забави. Забавата почнува во 15h во Pano bar на ски патеката, за да во 17h се пресели на самата ски патека и потоа завршува во познатата таверна Smithis или дискотеката Avalanche во раните утрински часови.

Спортскиот центар Amphibia со сала за futsal, бадминтон, одбојка, тенис, ракомет, кошарка како и со ѕид за качување заедно со фитнес центарот Espace 1800, многубројните активности на отворено (лизгалиште, санкање, изнајмување на моторни санки, параглајдерство, speedriding, ice glider, air bag) го прави Les 2 Alpes комплетен ски-центар за сечиј вкус.



Понуда на спорт и забава


1 СПА центар:
Информации за работното време на СПА центарот се може да најдете на рецепција.
1 Масажа:
Сите дополнителни информации за масажите може да ги добиете на рецепција.
1 Затворен базен:
Информација за работното време на затворениот базен може да најдете на рецепција.
1 Загреан отворен базен:
Информација за работно време на базенот може да најдете на рецепција.
1 Wellness центар:
Работното време на wellness центарот се наоѓа на рецепција.
1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Повеќе продавници (Sherpa, Carrefour Montagne, Špar, U Express) и Martet Petit Casino.
1 Пекара
5 пекари.
1 Месара
3 месари.
1 Автобуски превоз
1 Отворен паркинг:
Расположливост на места и димензии на возилото задолжително да се провери на рецепција!
1 Гаража:
Расположливост на паркирни места со оглед на димензиите на вашето возило задолжително да се провери на рецепција пред доаѓање!
1 Туристичко биро
Туристички информативен центар Les 2 Alpes, тел. број: +33 4 76 79 22 00.
1 Банка/банкомат
6 банки и банкомати на подачјето на целиот ски ресорт.
1 Продавница за сувенири
2 чоколатерии и продавници за сувенири и локални производи.
1 Полициска станица
Полициска станица Les 2 Alpes, тел. број: +33 4 76 80 58 57.
1 Пошта
Пошта Les 2 Alpes (има банкомат).
1 Болница
Болница во Grenoble (70km).
1 Лекар
Centre Clinique 2 Alpes (во зимска сезона отворен секој ден од 09:00 дo 19:00 h ) тел. број : +33 4 76 79 20 03.
1 Прва помош
Брза помош 2 Alpes Ambulances - Secours (работи 24/365), Tел. број: +33 4 76 80 52 39 .
1 Стоматолог
Забар Dr. Patrick Ceusters, Tел. број : +33 4 76 80 51 78.
1 Аптека
Аптека Pharmacie du Glacier (отворена цела година од od 9:00 до 20:00h ).
1 Планинска служба
Планинска служба Secours des Pistes, Tел. број: +33 4 76 79 75 02.
1 Кино
Cinéma des 2 Alpes.
1 Музеј
Grotte de glace - 3.200 м, алпски села Vonesc in Mont de Lans, Musee d'Ane Venosc.

Дополнителна понуда за скијачи


1 Куглање
Куглана Le Strike.
1 Затворен тениски терен
Спорткси центар Amphibia.
1 Сквош
Espace 1800.
1 Спортски центар
Спортски центар Amphibia (futsal, одбојка, ракомет, кошарка, ѕид за качување), Espace 1800 (фитнес).
1 Лизгалиште
Лизгалиште на отворено 1800m2 oтворено од 16:00 дo 20:00 /22:00 h бесплатен влез со skipas, изнајмување на лизгалки.
1 Качување по мраз
Bureau des guides (качување по мраз и 'ruisseling' - одење по ледени потоци), Tел. број: +33 4 76 11 36 29.
1 Санки со кучешка запрега
Кучешки запреги Kuma & Co, Tел. број: +33 7 85 01 22 23.
1 Санки со коњска запрега
Коњски запреги Alexandre Oriol, Tел. број: +33 6 85 25 88 90.
1 Snowshoeing
Bureau des guides (дневни и ноќни тури), Tел. број: +33 6 82 84 85 97.
1 Ski touring
Bureau des guides, Tел број.: +33 4 76 11 36 29.
1 Ски параглајдинг
Air Ailes Parapente, Tел. број: +33 6 07 72 26 60 / Air 2 Alpes, Tел. број: +33 6 81 44 38 31.
1 Параглајдинг
Air Ailes Parapente, Tел. број: +33 6 07 72 26 60 / Air 2 Alpes, Tел. број: +33 6 81 44 38 31.
1 Ноќен клуб / дискотека
Smithy's, Le Bresilien.
1 Концерт: drugi ali tretji teden decembra
Rise Festival Music & Ski (главна церемонија на отворање на сезоната, која трае цела недела).

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.