Avoriaz
+389 34 345 212
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна






Avoriaz

Почетна страна  >  Francija  >  Avoriaz
Сместување
5 Сместување
Ски патекa
64km Ски патекa
До
1800m До 2466m

Avoriaz



Avoriaz е ски центар што се наоѓа во срцето на регионот Porte du Soleil. Истоимената населба Avoriaz се наоѓа на карпа, над долината Морзина, на 1800мн.в. Мора да го паркирате вашиот автомобил на самиот влез во населбата бидејќи сообраќајот не е дозволен и улиците се заменети со ски патеки, што му дава на Авориаз посебен, уникатен шмек. Патеките се лесно достапни, а целиот ски центар Porte du Soleil има вкупно 630км поврзани ски патеки и поврзува две земји - Франција и Швајцарија. Ski in - ski out е можен без разлика во која станбена куќа се наоѓате. Покрај скијањето, Авориаз нуди и голем број други активности како што се: параглајдинг, санкање со кучешки запреги, возење со хеликоптер и балон, нуркање под мраз, а има и кино, лизгалиште и фитнес центар. Во 2013 година, во Авориаз беше отворен првиот планински термален рај , кој воедно е и најголем во Европа и се вика Aquariaz. Во оваа ски сезона, избравме 3 термини во кои обезбедивме значително пониски цени од редовните. Наш совет е да ја искористите оваа можност, бидејќи тоа нема да биде во секоја сезона. Ви гарантираме врвно скијање и уживање за сите категории скијачи.

Porte du Soleil - Ако веќе сте скијале во 3-те долини или регионот Espace Killy и барате нов ски центар што исто така може да ве воодушеви, тогаш Porte du Soleil е вистинскиот избор за вас. Фасцинантните пејзажи и бескрајните скијачки пространства нема да ги остават рамнодушни дури и оние кои имаат голем број ски дестинации во своите нозе. Porte du Soleil значи „порта на сонцето“ и е познат регија по феноменалната микроклима, која овде не е толку сурова, иако се протега на падините на импозантниот Мон Блан. Токму поради оваа локација, се гарантира изобилство природен снег, што се' повеќе недостасува во другите ски центри.



Понуда на спорт и забава


1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Во местото има повеќе продавници.
1 Пекара
Во местото има повеќе мали пекари.
1 Туристичко биро
Туристички информативен центар, Тел: +33 450 740 211.
1 Банка/банкомат
Повеќе банкомати во местото.
1 Продавница за сувенири
Неколку помали продавници со подароци, сувенири и локални производи.
1 Полициска станица
Avoriaz полициска станица, Тел: 33620856517 .
1 Пошта
Поштата Avoriaz ( се наоѓа во туристичко информативниот центар ) отворена од Понеделник до петок од 09:00- 12:00 h и од 15:30- 18:00 h.
1 Лекар
Здравствен центар Avoriaz , Тел: +33450740542
1 Прва помош
Медицински центар Avoriaz, телефонски број +33450740542 или телефонски број 15.
1 Аптека
Аптека Avoriaz, отворена секој ден од 09:00 - 19:30 h.Тел: +33 450 744 434
1 Планинска служба
Планинска служба, унифициран број : 15.
1 Кино
Кино Portes du Soleil, две сали ( 260 и 290 седишта).

Дополнителна понуда за скијачи


1 Куглање
Куглана Le Studio 9, отворена секој ден од 14:00- 03:00 h, Тел: +33 450 740 677 .
1 Сквош
Сквош, Espace Bodyform, потребна претходна резервација во туристичкиот инфо центар, половина час 6€ можност за изнајмување на рекет 2,5€.
1 Спортски центар
Спортски центар Espace Bodyform: сквош терен и фитнес.
1 Лизгалиште
Отворено лизгалиште Avoriaz, отворено секој ден од 14:00 - 20:00 h, затворено во сабота. Цена за возрасни 6 €, за деца 5 €. Можност за изнајмување на опрема.
1 Санки со кучешка запрега
Возење со кучешка запрега, за деца и возрасни. Цената за половина ден е 95 €, а за цел ден 140 € по лице. Информации и резервации на +33 680 932 620.
1 Санки со коњска запрега
Возење со коњска запрега во местото и околните шуми, за 2 до 4 лица. Цената се движи од 20 € - 50 € во зависност од времетраењето. Информации и резервации на тел. број +33 450 740 155.
1 Snowshoeing
Планинарење со лиценциран водич, секој ден, во зависност од временските услови. Цената на 3 часовната тура е 28€ по лице и вклучува изнајмување на опрема. Информации и резервации на тел. број +33 450 740 483 или во канцеларијата на француската ски школа E
1 Ski touring
Излети по околните планини со лиценциран водич. Можност за изнајмување опрема . Информации и резервации на тел. број +33 450 740 218.
1 Ски параглајдинг
Парагалајдинг во тандем, од 90€ по лице. Сите информации и резервации на тел. број +33 450 740 218.
1 Параглајдинг
Парагалајдинг во тандем, со фиксни скии од 90€ по лице. Сите информации и резервации на тел. број +33 450 740 218.
1 Ноќен клуб / дискотека
Дискотекa Le Yak.
1 Концерт: Rock des Pistes
Повеќедневен музички фестивал кој се одржува во градот директно до ски патеките. Тој се одржува секоја година во третата недела на март.

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.