Alpe d'Huez
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Alpe d'Huez

Почетна страна  >  Francija  >  Alpe d'Huez
Сместување
20 Сместување
Ски патекa
250km Ски патекa
До
1135m До 3330m

Alpe d'Huez



ЖУРКА НА ПАТЕКИТЕ

Во 2007 година, Luc Reversade одлучи да вдахне живот на Француските ски центри, по примерот на најпознатите светски Beach Party дестинации,само на 2.000 м надморска височина. За помалку од една деценија во француските Алпи се отворија четири клубовиLa Folie Douce , кои секојдневно ги посетуваат две илјади луѓе од целиот свет. Четвртиот по ред Folie Douce беше отворен 2013 година во Alpe d'Huez,на горната станица на лифтот Marmotte 1. Дрвена кулминација на планинската архитектура нуди Савојскиот ресторан La Fruitere, самопослужувањето Nuvo Self, Folie Shop и огромната отворена тераса со повеќе места на настани и подигната сцена. Живо е цел ден, но врвот на забавата е меѓу 15 и 17 часот-apres-ski каков досега не сте доживеале.Диџеи, пејачи, музичари, танчери, пожарникари и други изведувачи секојдневно се грижат за луда атмосфера ; смелоста на Лук му се исплати....Кога ќе ги посетите ќе сфатите зошто овие клубови се познати како Ибица во Алпите.

ЗА 12 МИЛИОНИ НОВИТЕТИ

Покрај убавината, овој планински центар го обележуваат и модерни уреди. Во 2015 година е реновирана и областа Auris-en-Oisans, 2016 година со12 милиони долари ја започнаа Signal / Grande Sure, со што се комплетира реновирањето на сите лифтови на Аlpe d'Huez. Новиот експресен Signal е хибриден ( осмосед и кабинска во исто време) и заедно со новиот четворосед Grande Sure заменува 6 олдтајмери, бидејќи отстранија два двоседи и четири лифтови од ски-центарот. Од врвот на планината направија нова лесна патека опремена со тунели, препреки и друга забава, бидејќи на новодојдените им овозможува пристап до почетничката патека Grenouilles - децата сега можат да се забавуваат на патот до таму. Снежниот парк, целосно редизајниран, сега нуди две сосема одвоени патеки за почетници и експерти. Последната е уредена на три нивоа по тежина и е опремена со се што во моментот е достапно на пазарот.

ЛЕГЕНДАРНАТА SARENNE, ДЕНСКИ ИЛИ НАВЕЧЕР

Alpe d'Huez поради фантастичната локација го нарекуваат и Остров на Сонцето бидејќи поради својата убавина е и едно од најдобрите француски ски центри. Репутацијата ја поткрева и Freeride, за која три правци нудат одлични насоки. Може да се спуштите и од недостапните врвови , бидејќи хелиски е исто така развиен во овие места. Легендарната Sarenne со своите 16 километри е најдолгата црна патека во светот. Од 3.330 метри високиот Pic Blanc се спушта во долината. Можете да гледате во живо, има 101 камера што целосно ја покрива патеката за онлајн преглед. Претплатете се на нашето патување Sarenne by Night и бидете на врвот на последното искачување со групата... Со светилки на шлемовите почнете ја ноќната авантура во долината. Во меѓувреме застанете на француска вечера во колиба,незаборавно искуство... По закуската и играњето во еден од снежните паркови, можете да си дозволите нешто понеобично. Погледнете ја леденат



Понуда на спорт и забава


1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Неколку супермаркети (Spar и Sherpa).
1 Пекара
Самопослугите имаат и пекари.
1 Туристичко биро
Туристичко информативен центар, телефонски број: +33 476 114 444
1 Банка/банкомат
2 банки и неколку банкомати во градот.
1 Продавница за сувенири
Неколку помали продавници со сувенири и локални производи.
1 Полициска станица
Полициска станица, унифициран број: 17.
1 Пошта
Поштата е затворена во сабота, недела и за празници.
1 Болница
Болница во Grenoble, оддалечена 75км . Телефонски број +33 476 767 575.
1 Лекар
Здравствен дом Les Bergers, отворен секој ден. Телефонски број +33 476 806 929.
1 Прва помош
Брза помош , унифициран број : 15.
1 Аптека
Аптека Les Bergers, отворена секој ден. Телефонски број +33 476 803 347.
1 Планинска служба
Планинска служба , унифициран број : 15.
1 Кино
2 кина, Le Palais +33 476 112 164 и Le Mégarama +33 476 112 164.
1 Музеј
Музеј на ледени скулптури Jules Verne Adventures и ледена пештера. Влезница 5 € по лице, информации на телефонскиот број +33 476 803 473.

Дополнителна понуда за скијачи


1 Затворен тениски терен
Спортски центар Palais des Sports, информации на телефон +33 476 112 142.
1 Сквош
Спортски центар Palais des Sports, информации на телефон +33 476 112 142.
1 Спортски центар
Спортски центар Palais des Sports (фитнес, танцување, бадминтон, кошарка, фудбал, јога, зумба, фитнес, базен, аквариум). Информации на телефонскиот број: +33 476 112 142.
1 Лизгалиште
Во центарот на градот, отворено секој ден. Влез 7 € по лице, изнајмување на лизгалки 4 €.
1 Качување по мраз
Организирано од француската ски школа ESF. Информации и резервации на +33 476 804 255.
1 Санки со кучешка запрега
Организирано од фирмата Second Souffle. Информации и резервации на телефонски број +33 603 651 561.
1 Санки со коњска запрега
Организирано од фирмата Second Souffle. Информации и резервации на телефонски број +33 603 651 561.
1 Snowshoeing
Организирано од француската ски школа ESF. Информации и резервации на +33 476 804 255.
1 Ski touring
Организирано од француската ски школа ESF. Информации и резервации на +33 476 804 255.
1 Ски параглајдинг
Организирано од агенцијата Alpe Vol Libre, секој ден, во зависност од временските услови, два часа летање во тандем 170 €, попуст за групи. Информации и резервации на +33 476 804 255.
1 Параглајдинг
Организирано од агенцијата Alpe Vol Libre, секој ден, во зависност од временските услови, два часа летање во тандем 170 €, попуст за групи. Информации и резервации на +33 476 804 255.

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.