Borovets
Borovets е еден од најголемите ски центри во Бугарија. Се наоѓа на надморска височина од 1300м, на северните падини на Рила, во подножјето на највисокиот врв на Балканскиот полуостров Мусала (2.925 м), во старите борови шуми. Поради зимзелените шуми, воздухот е богат со кислород. Единствената планинска клима, со многу сончеви денови, студени ноќи, чист воздух, придонесува за центарот да биде идеално место за одмор и спортување.
Населбата била формирана кон крајот на XIX век и била позната како Chamkoria (Борова шума) до средината на 20 век. На самиот почеток бил повеќе летна дестинација и познато ловиште во тек на зимата,се додека по 70-тите години на дваесеттиот век не се прошири, ја збогати својата понуда со големи хотели во алпски стил, како и инфраструктура за зимски спортови и така стана модерен зимски центар.
Близина на главниот град и пријатна клима (студени и свежи лета и многу снежни зими) го претворија Боровец во одлична дестинација за луѓе кои сакаат да го поминат својот одмор на планината.
Ски регионот Боровец вклучува 24 ски патеки со вкупна должина од над 58 км, cross-country патеки, ноќни ски патеки, дел за деца. Скијачите имаат на располагање 12 модерни и добро одржувани лифтови.
Патеките се поделени на три дела: Sitnyakovo – Martinovi baraki, Markudzhik и Yastrebets. Патеките се од различни категории и се погодни и за почетници и напредни скијачи.
Патеките за cross-country скијање се долги 35 км и широки најмалку 6 м, направени според стандардите на Меѓународната Скијачка Федерација.
Хотелите и сместувањата во Боровец се бројни и разновидни -од луксузни хотели до удобни бунгалови со сауна. Покрај тоа, постојат и многу приватни вили.
Во Боровец, исто така, има и бројни содржини кои вклучуваат ресторани, пицерии, барови и дискотеки. Местото нуди добри услови за релаксација и има сè што Ви е потребно за пријатен одмор, вклучувајќи продавници, аптеки, менувачници, банки, банкомати, медицински услуги итн.
Одморалиштето нуди исклучително добри услови за спорт и релаксација. Поголемите хотели имаат базен, сауна и спа со широк спектар на третмани