Serfaus Fiss Ladis
+389 34 345 212
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна






Serfaus Fiss Ladis

Почетна страна  >  Avstrija  >  Serfaus Fiss Ladis
Сместување
3 Сместување
Ски патекa
214km Ски патекa
До
1200m До 2828m

Serfaus Fiss Ladis



Француски ски центар на АВСТРИСКИ начин!


Во соседството на познатите Ишгл и Св. Антон, постои уште еден бисер на Тирол, со дури 214км поврзани патеки од 1.200м.н.в. до 2.828м.н.в. Ски -центар Serfaus - Fiss - Ladis, кој се состои од 3 поврзани истоимени места. Fiss и Saerfaus се наоѓаат на 1.450м.н.в., а Ladis на 1.200м.н.в..
Ски центарот е направен како да се состои од два одделни дела, долниот дел 1500-2000мнв. е под шума и заштитен од ветрот и како таков е идеален за скијање при лоши временски услови, силна облачност, силен ветер и врнежи од снег, додека горниот дел е над 2000м.н.в. како типичен глечерски ски центар што потсетува на француските Алпи, отворен прегледен предел со многу широки патеки.
Самиот ски центар има модерна инфраструктура со нови шестоседи и осмоседи, кои се и брзи, и голем број од нив имаат хауби што штитат од ветер, а некои се и со грејачи на седиштето. Капацитетот на лифтовите е многу голем, така што нема гужви и редици на лифтовите во текот на денот, дури и во шпицот на сезоната.
Најголем дел од патеките се црвени, широки и извонредно подготвени. Има некои црни и уште неколку сини патеки. Скијачкиот центар е многу прилагоден за деца, во Фис и Серфаус има паркови за децата да научат да скијаат, а патеката што ги поврзува Фис и Ладис е сина патека со идеален нагиб и ширина за првите скијачки спустови. На меѓустаницата на гондолата Komperdellbahn во Серфаус има детски парк со макети на шумски животни кои имаат сензори и се огласуваат кога ќе им се приближите, исто така, секоја трета корпа на жичарата Almbhan е насликана со мотиви од шумски животни, а за време на возењето ќе добиете кратко предавање на германски и англиски јазик за животот и навиките на овие животни.

Ноќно скијање и санкање се организира во Фис во вторник, а во Серфаус во среда од 18:30 до 23:00 часот.
Посебни атракции на овој ски центар се Fisser flieger каде во птичји став ќе брзате на 47 метри над земјата со брзина од 80km/h и Skyswing каде ја тестирате силата на Земјината тежа 4G при слободен пад од 22 метри висина.

Сите сместувачки капацитети се со висок австриски квалитет, има многу ресторани, барови и продавници во местото, кои, за разлика од другите делови на Австрија, се отворени и во недела попладне!




loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.