Obertauern
СНЕЕЕЕГ!
Веќе традиционално еден од австриските ски центри со најран старт на ски сезоната.
Составен дел на националниот парк Höhe Tauern и одличната позиција гарантираат брутално добри снежни услови.
СНЕГОТ Е ЗАГАРАНТИРАН
Obertauern е сместен недалеку од границата на Салцбург и Корушка, а не е далеку ни Штаерска. Ски патеките се наоѓаат на височина од 1740 м.н.в. па се до 2526 м.н.в. правејќи својствен амфитеатар кој ја опкружува планината од сите страни.
Токму ски патеките се главната туристичка понуда на оваа не толку голема планинска дестинација.
Ски-центарот има 100 км патеки, меѓу кои: познатата 26а - Gamsleiten 2, која е една од најстрмните патеки со тампони во Европа и Edelwiess -1,5 км долгата ноќна ски патека .
БЕЗ АВТОМОБИЛ
Специфичноста на Obertauern, кој се протега на висина од 1630-2313 м , е тоа што сите сместувачки капацитети се максимално 100 м оддалечени од ски патеките и жичарниците, па автомобил апсолутно нема да Ви е потребен. Вистински ski-in ski-out. Повеќе од 100 км патеки со природен снег (иако постојат топови за вештачки снег) се достапни со една гондола, 18 седежници и 26 лифтови. На почетниците на располагање им е делот Hundskogelbahn, a на искусните скиори Zehnerkar или Seekarspitzse. Ски школите освен стандардните часови нудат и програми за Off Piste, каде Ве учат на сигурност и внимателност при уживањето на снегот.
НАЈВИСОКАТА ЗАБАВА
Почетокот на ски сезоната се одбележува на посебен начин- со спектакуларен концерт на отворено, кој се одвива под името Dan X.
На крајот на сезоната не го пропуштајте традиционалниот Gamsleiten Kriterium.
Најголемото алпско натпреварување во ископување богатство во снегот.
На ски патеката Gamsletin 2 која во некои делови има наклон од 45%, некогаш се натпреваруваат и повеќе од 1000 учесници , кои го бараат богатството закопано длабоко во снегот.
Главната награда е клуч од автомобил , со кој добитникот се одвезува директно од сцената.