Nassfeld
ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО NASSFELD
Ски центар во Корушка! Најмодерниот и најголем ски центар во овој регион. Овде ќе пронајдете се што ги возбудува љубителите на зимските спортови, и повеќе од тоа. Се наоѓа во близина на селото Hermagora, на самата граница со Италија. Поточно, еден дел од ски центарот се наоѓа во Италија.
Почетната станица на гондолата Millenium Express, се наоѓа во Tröpollach, 7 км оддалечен од селото Hermagora , која за неколку минути ве искачува од 600 м на 2000 м.н.в.
30 најмодерни жичарници со 110 км ски патеки е идеално за активните скијачи. Широки патеки, многу сончеви часови, кулинарски специјалитети, релаксација и wellness, е само дел од она што Nassfeld нуди.
НАЈГОЛЕМАТА СОНЧЕВА ТЕРАСА НА АЛПИТЕ
Nassfeld не воодушевува само со совршено уредените ски патеки, модерните жичарници и високата снежна покривка, туку и со големиот број сончеви часови. Во споредба со другите ски центри во северните Алпи, сонцето на Nassfeld свети 100 саати подолго. Во скијањето и погледот можете да уживате се до 2020 м.н.в.
ЗАБАВА НА СНЕГ
Младите најмногу се задржуваат во најголемиот снежен парк на Koruškа, Snowpark Nassfeld. Неговите три патеки (Kicker, Rail и Beginner) секоја зима се се побогати за уште некоја атракција.
Освен забавата на ски патеките, надвор од нив ве очекува: 80 км патека за cross country, 55 км зимски планинарски патишта, 5 патеки за санкање од кои 3 се осветлени, возење со коњска запрега, планинарење и уште многу работи.
Забавата за деца од 7 до 77 год. е загарантирана.