Lienz
ZETTERSFELD
Над Lienz се издигнуваат два ски центри - Zettersfeld (1660 м – 2278 м) и Hochstein (668 м – 1988 м).
Zettersfeld, кој се наоѓа над самото место, е омилен ски центар и место за дружење како на локалното население, така и на многубројни скиори.
Благите патеки и изобилството на сонце во текот на целиот ден го прави идеален за семејства. Младите се собираат во Sunsit Park каде на скии и бордови се загреваат за вечерната забава. За само 15 мин од градот се стигнува до ски центарот па многумина го користат не само за скијање туку како и место за опуштање, сончање или уживање во шолја кафе во некој од бројните ресторани. Во текот на целата зима ветровите овде се идеални за параглајдерство.
2016 год. отворена е новата ски патека Funslopе со жичарница долга 400 м.
Полигон со 16 различни препреки (бранови, скокалници, тунели...) ќе биде забавен за искусните скиори и бордери ама и безопасен предизвик за децата и почетниците. Во секој случај, сите ќе уживаат.
Hochstein за разлика од Zettersfelda, е ски центар за озбилни скиори. До врвот се стигнува во 3 етапи- но трудот се исплаќа . Од местата Vas кон врвот води удобен шестосед , потоа се префрлате на ретро двосед кој ќе Ви долови како некогаш изгледало скијањето, а тогаш успонот го завршувате со помош на ратрак. За својот труд ќе бидете наградени со спуст низ една од најдобрите и најдолги FIS патеки на Алпите. За љубителите на планината Hochstein има уште една убавина до која можете да стигнете само пешки. Од врвот имате фантастичен поглед од 360˚ на долината Puster, Isel и Lienz.
Градот Lienz лежи на древни темели. Првобитно го населувале Римјани , а потоа горишките грофови тука го изградиле замокот Bruck. Остатоците од ѕидините се сочувани до денешен ден во поединечни делови на градот. Сместен во планинскиот амфитеатар, со италијански шмек, Lienz стана вистински алпски туристички центар. Од хотели со 5* преку апартманско сместување до планински кампови , секој турист може да најде сместување по свој вкус.