Kirchberg
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Kirchberg

Почетна страна  >  Avstrija  >  Kirchberg
Сместување
15 Сместување
Ски патекa
179km Ски патекa
До
800m До 2000m

Kirchberg



Kirchberg е село кое е оддалечено од познатиот Kitzbühel неколку километри и претставува исклучително добра појдовна точка.

Легендарниот австриски град-домаќин на престижната трка Светски куп на познатиот Streif.Денски тоа е ски центар со огромни можности,а навечер центар на гламурот-со еден збор Kitzbühel.

Kitzbühel е најпознат австриски ски центар и заедно со Јochberg и Kirchberg е една од најпопуларните дестинации. Идеално за одлични скијачи,почетници, фамилии,парови...

СКИЈАЊЕ ОД ОКТОМВРИ ДО МАЈ

Најголем ски ресорт во Tirol кој се протега на 9 врвови со 179 km патеки од 800 дo 2000 м.н.в.
Поради одличната положба и неверојатната клима скијањето на планината Kitzbüheler Horn има веќе 120 годишна традиција. Има сигурен снег од декември до април, поготово на ледниците. Колку е Kitzbühel монденски ни кажуваат 1080-те снежни топови кои можат да се активираат во секој миг.
Kirchberg, Kitzbühel и Joсhberg имаат вкупнo 168km патеки,од кои најпозната е Streif за спуст нa Hahnenkamm (еднa oд најтешките патеки на светот).Покрај екстремната Streif има и неколку патеки погодни за средни скијачи и почетници. Делови од Mausefalle, Steilhang и Hausbergkante се прилично екстремни, затоа овде се направени обиколници и полесни патеки. Во изобилство има freeride патеки. Ако и тоа не е доволно, тука е и ski touring на 36км означени патеки.


Во петок и сабота на патеката Gaisberg-Kirchberg во Jirchberg од 21.30 има можност за ноќно скијање.

Ито така на располагање се и 40 км патеки за нордиско скијање и 18 км означени ски рути со длабок снег.Патеките се поврзани со ски бус и со 54 модерни ски лифтови ( 9000 скијачи на час)

ИСКЛУЧИТЕЛНА ДОПОЛНИТЕЛНА ПОНУДА

Освен скијање и snowbord,на располагање е и нордиско скијање,лизгање, јавање, возење со кочии, тениски и голф терени, curling, јавен затворен базен, езерото Schwarzsee.

Голема атракција се и игло селото Igludorf (на планината Hehnenkamm - ледени ресторани и хотели со температура околу 0*С) и познатиот welnes centar ’’Aquaarena’’ (сауна,базен,wellness program, aqua fitness).
За најмладите има ски градинка во Kirchberg и 2 мини клубови Kitz4Kids во Kitzbuhel.

Одлична дополнителна понуда

Скијачкиот Kitzbuhel е исклучително богат со дополнителна понуда, и нуди сè што очекувате од скијачкиот центар.
Во прилог на пешачки патеки има и snowshoeing со snowshoes, можете да се возите во запреги, да се одморите во Aquarena спа центарот, да пиете вино на Божик, или да го гледате Новогодишниот огномет. Kitzbuhel е полн со снежни настани, па затоа е многу веројатно дека некои ќе се одржат за време на вашиот престој. При изборот на ски терминот проверете го богатиот зимски календарски распоред на содржини, за сладокусците тука се одличните ресторани со Мишелин звездички.




Понуда на спорт и забава


1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Во местото има повеќе продавници.
1 Пекара
Во местото има повеќе пекари.
1 Туристичко биро
Туристички информативен центар,отворен секој ден телефонски број +43 5357 2000 100.
1 Банка/банкомат
Во местото има повеќе банки и банкомати.
1 Продавница за сувенири
Повеќе мали продавници со сувенири и локални производи.
1 Полициска станица
Полициска станица Kirchberg, телефонски број +43 59 133 7205 или 133.
1 Пошта
Пошта Kirchberg, затворена во сабота и недела.
1 Лекар
Брза помош: 112.
1 Прва помош
Брза помош: 112.
1 Аптека
Аптека Kirchberg, затворена во недела.
1 Планинска служба
Планинска служба : 144.

Дополнителна понуда за скијачи


1 Куглање
Куглање во повеќенаменскиот комплекс Arena 365, отворен секој ден од 08:00 до 24:00 часот.
1 Затворен тениски терен
Тениска сала Kirchberg, отворена секој ден од 08:00 до 24:00. Цената за изнајмување на час е 5,20 €, задолжителна претходна резервација, на телефонскиот број +43 5357 2964.
1 Спортски центар
Спортски и културен комплекс Арена Arena 365: тенис, стрелаштво, куглање, фитнес, студио за танцување, вежби со инструктор.
1 Качување по мраз
Паркот за качување е на крајот од патеката Gaisberg-Kirchberg . Резервации на термин и водич на телефонскиот број +43 5357 2000.
1 Санки со коњска запрега
Возење со коњска запрега по селото во непосредна близина на Kirchberg. Сите информации и резервации се достапни во ТИЦ Kirchberg или на телефонскиот број +43 5357 2000 100.
1 Snowshoeing
Планински прошетки со водич,секој ден, во зависност од временските услови. Сите информации и резервации на телефонскиот број +43 5357 2000 100.
1 Ski touring
Тури низ околните планини со лиценциран водич. Можност за изнајмување на опрема. Сите информации и резервации на телефонскиот број +43 676 5659 704.
1 Параглајдинг
Панорамски лет со падобран во тандем го организира агенцијата Element 3. Сите информации и резервации на телефонскиот број 43 5356 72301 или на веб-страницата www.element3.at
1 Ноќен клуб / дискотека
Ноќен клуб Der Tiroler.

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.