St. Anton
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

St. Anton

Почетна страна  >  Austrija  >  St. Anton
Сместување
2 Сместување
Ски патекa
305km Ски патекa
До
1300m До 2800m

St. Anton



St. Anton, Lech и Zuers се три скијачки места на крајот од западна Австрија и го сочинуваат единствениот скијачки регион Arlberg. Иако не се поврзани со ски лифт за нив важи истата ски карта.
St. Anton е најголемото место во тој регион , се наоѓа на 1.304м н.в. и е познато како австриска колевка на скијањето.

Ски центарот се простира на надморска висина од 1300м до 2811 м. Целиот регион располага со исклучително модерна скијачка инфраструктура и вкупно има 79 ски лифтови. Иако целиот регион многу ретко има проблеми со недостаток на снег и сезоната трае долго, скоро целото подрачје (95%) е прекриено со систем за вештачко оснежување.

Она што го разликува ова место, па дури и целиот регион од други скијачки центри, е непобедливата можност за длабоко возење на снег. Вкупната површина на теренот за off – pistа е околу 180 км.
Освен скијање и горенаведеното санкање, Св. Антон нуди многу други содржини. Така да можете да поминете еден ден на 40 километри ски патеки за ски трчање, зимски прошетки до Nasserein иSt. Jakob, да се возите со коњска запрега, да одете во базенот и во велнес, да се лизгате , играте тенис, сквош. Исто така се нуди и тандем параглајдерство, куглање, качување на вештачки ѕид во салата и на отворено, качување на мраз.
Што се однесува до apres ski понудата, изборот во Св. Антон е дефинитивно одличен. Дури и ако не сте обожаватели на apres ski, мора да наминете до легендарниот Mooserwirt, каде што пивото тече во потоци и атмосферата секогаш е многу жива. Се разбира,тука се и ноќнит барови и дискотеки, така што љубителите на ноќните забави ќе бидат презадоволни.




Понуда на спорт и забава


1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Во местото има повеќе продавници.
1 Пекара
Во местото има пекари.
1 Туристичко биро
Туристичко информативен центар Sankt Anton am Arlberg, Телефонски број +43 544 622 690.
1 Банка/банкомат
Една банка и повеќе банкомати.
1 Продавница за сувенири
Повеќе продавници за сувенири и локални производи
1 Полициска станица
Полициска станица Sankt Anton am Arlberg, телефонски број +43 5446 2237 или 133
1 Пошта
Пошта, Sankt Anton am Arlberg, затворена сабота и недела.
1 Болница
Болница Sankt Anton am Arlberg.
1 Лекар
Медицински центар и спасувачка служба, број; 112
1 Прва помош
Прва помош и спасувачка служба, број: 112
1 Стоматолог
Стоматолошка ординација, Dr. Scherfler број +43 5446 2070.
1 Аптека
Аптека-Arlberg отворена секој ден.
1 Планинска служба
Планинска служба, број: 112
1 Музеј
Музеј Sankt Anton am Arlberg: историја, регија, држава, туризам и спорт. Секој ден од 13:00 на Германски и Англиски, информации и резервации на телефонски број +43 544 622 690.

Дополнителна понуда за скијачи


1 Куглање
Куглање во спортски центар ArlRock, информации и резервации на телефонски број +43 544 630 324.
1 Затворен тениски терен
Терен за тенис во спортски центар ArlRock, информации и резервации на телефонски број +43 544 630 324.
1 Сквош
Сквош терен во спортски центар ArlRock, информации и резервации на телефонски број +43 544 630 324.
1 Спортски центар
Спортски центар ArlRock: куглана, тенис, сквош, одбојка, мал фудбал. Wellness centar ARLBERG-well.com: повеќе базени, фитнес, сауни.
1 Лизгалиште
Затворено лизгалиште, отворено секој ден од 13:00, влез 4€ за возрасни и 3€ за деца. Информации и резервации на телефонски број +43 544 630 324.
1 Качување по мраз
ArlRock надворешниот и затворен качувачки комплекс, кој има речиси 100 патеки за искачување - исто така е вештачки мраз ѕид.
1 Санки со коњска запрега
Коњи подготвени за јавање околу Sankt Antona. Еден час возење за 4 лица е 90 €. Сите информации и резервации по телефон +43 664 154 2974.
1 Snowshoeing
Прошетка со водич, достапна секој ден, во зависност од времето. Информации и резервации по телефон +43 664 2335 010.
1 Ski touring
Водени тури низ околните планини придружени со лиценциран водич. Можност за изнајмување на опрема. Сите информации и резервации на +43 664 1746 282
1 Ски параглајдинг
Скок со падобран во тандем, информации и резервации на телефонски број +43 5524 8439.
1 Параглајдинг
Параглајдинг лет во тандем, информации и резервации на телефонски број +43 5524 8439.
1 Ноќен клуб / дискотека
Повеќе ноќни клубови и дискотеки: Horny Bull, Postkeller, Raffl's Hells Club
1 Концерт: New Orleans meets Snow
Традиционална музика , блуз, фанк и џез фестивал со извонредна програма која трае цела недела. Тоа е закажано во почетокот на април.

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.