Obertauern
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Obertauern

Почетна страна  >  Austrija  >  Obertauern
Сместување
5 Сместување
Ски патекa
100km Ски патекa
До
1630m До 2313m

Obertauern



СНЕЕЕЕГ!

Веќе традиционално еден од австриските ски центри со најран старт на ски сезоната.
Составен дел на националниот парк Höhe Tauern и одличната позиција гарантираат брутално добри снежни услови.

СНЕГОТ Е ЗАГАРАНТИРАН
Obertauern е сместен недалеку од границата на Салцбург и Корушка, а не е далеку ни Штаерска. Ски патеките се наоѓаат на височина од 1740 м.н.в. па се до 2526 м.н.в. правејќи својствен амфитеатар кој ја опкружува планината од сите страни.
Токму ски патеките се главната туристичка понуда на оваа не толку голема планинска дестинација.
Ски-центарот има 100 км патеки, меѓу кои: познатата 26а - Gamsleiten 2, која е една од најстрмните патеки со тампони во Европа и Edelwiess -1,5 км долгата ноќна ски патека .

БЕЗ АВТОМОБИЛ

Специфичноста на Obertauern, кој се протега на висина од 1630-2313 м , е тоа што сите сместувачки капацитети се максимално 100 м оддалечени од ски патеките и жичарниците, па автомобил апсолутно нема да Ви е потребен. Вистински ski-in ski-out. Повеќе од 100 км патеки со природен снег (иако постојат топови за вештачки снег) се достапни со една гондола, 18 седежници и 26 лифтови. На почетниците на располагање им е делот Hundskogelbahn, a на искусните скиори Zehnerkar или Seekarspitzse. Ски школите освен стандардните часови нудат и програми за Off Piste, каде Ве учат на сигурност и внимателност при уживањето на снегот.

НАЈВИСОКАТА ЗАБАВА

Почетокот на ски сезоната се одбележува на посебен начин- со спектакуларен концерт на отворено, кој се одвива под името Dan X.
На крајот на сезоната не го пропуштајте традиционалниот Gamsleiten Kriterium.
Најголемото алпско натпреварување во ископување богатство во снегот.
На ски патеката Gamsletin 2 која во некои делови има наклон од 45%, некогаш се натпреваруваат и повеќе од 1000 учесници , кои го бараат богатството закопано длабоко во снегот.
Главната награда е клуч од автомобил , со кој добитникот се одвезува директно од сцената.



Понуда на спорт и забава


1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Во местото има неколку маркети.
1 Пекара
Во местото има неколку мали пекари.
1 Туристичко биро
Туристички информативен центар, телефонски број +43 6456 7252.
1 Банка/банкомат
2 банкомати во местото.
1 Продавница за сувенири
Неколку мали продавници со подароци, сувенири и локални производи.
1 Полициска станица
Полициска станица, број +43 59133 5163 или унифициран број 133
1 Пошта
Пошта, затворена за викенд.
1 Лекар
Медицинска служба и спасувачка служба: 112
1 Прва помош
Брза помош: 112
1 Аптека
Аптека, отворена секој ден. Телефонски број +43 6456 7298.
1 Планинска служба
Планинска служба: 144

Дополнителна понуда за скијачи


1 Куглање
Спортски центар, куглана, отворена секој ден од 10:00 до 22:00, затворена во понеделник.
1 Затворен тениски терен
Спортски центар, резервација на термини на телефонскиот број +43 6456 7656.
1 Спортски центар
Мал фудбал во салата, кошарка, одбојка, куглање, пикадо, тенис , фитнес.
1 Качување по мраз
Качување по леден водопад со водич, цена 99 € по лице. Сите информации на телефонскиот број +43 6456 771 717.
1 Санки со коњска запрега
Возење со коњска запрега по улиците на Обертауерн, сите информации на телефонскиот број + 43 647 120 206.
1 Snowshoeing
Качување по планините во организација на локалната агенција. Сите информации во туристичкиот информативен центар.
1 Ski touring
Тури со локален водич. Сите информации во туристичкиот информативен центар.
1 Концерт: Ski opening Obertauern
Традиционален skiopening кон крајот на ноември - почетокот на декември со богата музичка програма.

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.