Nassfeld
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Nassfeld

Почетна страна  >  Austrija  >  Nassfeld
Сместување
14 Сместување
Ски патекa
110km Ски патекa
До
610m До 2020m

Nassfeld



ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО NASSFELD

Ски центар во Корушка! Најмодерниот и најголем ски центар во овој регион. Овде ќе пронајдете се што ги возбудува љубителите на зимските спортови, и повеќе од тоа. Се наоѓа во близина на селото Hermagora, на самата граница со Италија. Поточно, еден дел од ски центарот се наоѓа во Италија.
Почетната станица на гондолата Millenium Express, се наоѓа во Tröpollach, 7 км оддалечен од селото Hermagora , која за неколку минути ве искачува од 600 м на 2000 м.н.в.

30 најмодерни жичарници со 110 км ски патеки е идеално за активните скијачи. Широки патеки, многу сончеви часови, кулинарски специјалитети, релаксација и wellness, е само дел од она што Nassfeld нуди.

НАЈГОЛЕМАТА СОНЧЕВА ТЕРАСА НА АЛПИТЕ

Nassfeld не воодушевува само со совршено уредените ски патеки, модерните жичарници и високата снежна покривка, туку и со големиот број сончеви часови. Во споредба со другите ски центри во северните Алпи, сонцето на Nassfeld свети 100 саати подолго. Во скијањето и погледот можете да уживате се до 2020 м.н.в.

ЗАБАВА НА СНЕГ
Младите најмногу се задржуваат во најголемиот снежен парк на Koruškа, Snowpark Nassfeld. Неговите три патеки (Kicker, Rail и Beginner) секоја зима се се побогати за уште некоја атракција.
Освен забавата на ски патеките, надвор од нив ве очекува: 80 км патека за cross country, 55 км зимски планинарски патишта, 5 патеки за санкање од кои 3 се осветлени, возење со коњска запрега, планинарење и уште многу работи.
Забавата за деца од 7 до 77 год. е загарантирана.



Понуда на спорт и забава


1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Во местото се наоѓа продавницата Aged.
1 Пекара
Во местото се наоѓаат 3 помали пекари.
1 Туристичко биро
Туристички информативен центар, телефон +43 42 858 241.
1 Банка/банкомат
Во местото се наоѓаат 3 банки и повеќе банкомати.
1 Продавница за сувенири
Неколку помали продавници за сувенири и локални производи.
1 Полициска станица
Полиција : 133.
1 Болница
Болница Villach (65км оддалечена од Nassfeld). Телефонски број +43 4242 2080.
1 Лекар
Здравствен дом Hermagor ( 25км од Nassfeld). Телефонски број +43 4282 2220.
1 Прва помош
Брза помош : 112.
1 Стоматолог
Стоматолошка ординација Dr. Wolfgang Mikschofsky, во Hermagor ( 25км од Nassfeld-a ). Телефонски број +43 4282 3320.
1 Аптека
Аптека Adler во Hermagor (25км од Nassfeld). Затворена во недела. Телефонски број +43 4282 2066
1 Планинска служба
Планинска служба : 140.

Дополнителна понуда за скијачи


1 Затворен тениски терен
Затворено тениско игралиште Tennis Flaschberger Hermagor ( 25 км од Nassfeld ). 3 покриени терени. Информации и резервации на тел. број +43 4282 2020.
1 Лизгалиште
Лизгалиште Weissensee - Бело Езеро, отворено во зависност од дебелината на мразот и временските услови. Школа за уметничко лизгање. Изнајмување на лизгалки 5 € по лице. Информации на www.weissensee.com
1 Качување по мраз
Алпинизам со искусни водичи на 2 локации: Vorderberger Klamm и Kötschach-Mauthen. Информации и резервации на тел. број +43 4283 2107.
1 Санки со коњска запрега
Возење со коњска запрега во населбата или по снег, 2 ергели : Daberer +43 4718 677 и Martina Gratzer +43 650 2610 793 .
1 Snowshoeing
Дневни кулинарски тури и натпревар во кулинарство, цена по лице 35 € (водич, опрема за изнајмување, дегустација). Информации и резервации на телефонскиот број +43 4285 8241.
1 Ski touring
Тури по околните планини, достапни се неколку пакети. Цена по лице од 75 € во зависност од бројот на лица , сложеноста на турата и временските услови. Информации и резервации на www.soelle.at или на тел. број +43 4285 7100.
1 Ноќен клуб / дискотека
Ноќен клуб Cube.
1 Концерт: Full Metal Mountain
Годишен музички и ски фестивал, закажан за последната недела од март. За повеќе информации, посетете ја страницата www.nassfeld.at .

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.