Lienz
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Lienz

Почетна страна  >  Austrija  >  Lienz
Сместување
3 Сместување
Ски патекa
37km Ски патекa
До
686m До 2278m

Lienz



ZETTERSFELD

Над Lienz се издигнуваат два ски центри - Zettersfeld (1660 м – 2278 м) и Hochstein (668 м – 1988 м).

Zettersfeld, кој се наоѓа над самото место, е омилен ски центар и место за дружење како на локалното население, така и на многубројни скиори.
Благите патеки и изобилството на сонце во текот на целиот ден го прави идеален за семејства. Младите се собираат во Sunsit Park каде на скии и бордови се загреваат за вечерната забава. За само 15 мин од градот се стигнува до ски центарот па многумина го користат не само за скијање туку како и место за опуштање, сончање или уживање во шолја кафе во некој од бројните ресторани. Во текот на целата зима ветровите овде се идеални за параглајдерство.

2016 год. отворена е новата ски патека Funslopе со жичарница долга 400 м.
Полигон со 16 различни препреки (бранови, скокалници, тунели...) ќе биде забавен за искусните скиори и бордери ама и безопасен предизвик за децата и почетниците. Во секој случај, сите ќе уживаат.

Hochstein за разлика од Zettersfelda, е ски центар за озбилни скиори. До врвот се стигнува во 3 етапи- но трудот се исплаќа . Од местата Vas кон врвот води удобен шестосед , потоа се префрлате на ретро двосед кој ќе Ви долови како некогаш изгледало скијањето, а тогаш успонот го завршувате со помош на ратрак. За својот труд ќе бидете наградени со спуст низ една од најдобрите и најдолги FIS патеки на Алпите. За љубителите на планината Hochstein има уште една убавина до која можете да стигнете само пешки. Од врвот имате фантастичен поглед од 360˚ на долината Puster, Isel и Lienz.

Градот Lienz лежи на древни темели. Првобитно го населувале Римјани , а потоа горишките грофови тука го изградиле замокот Bruck. Остатоците од ѕидините се сочувани до денешен ден во поединечни делови на градот. Сместен во планинскиот амфитеатар, со италијански шмек, Lienz стана вистински алпски туристички центар. Од хотели со 5* преку апартманско сместување до планински кампови , секој турист може да најде сместување по свој вкус.



Понуда на спорт и забава


1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Во градот има повеќе маркети.
1 Пекара
Повеќе мали пекари.
1 Месара
Повеќе месарници.
1 Туристичко биро
Туристичко информативен центар Lienz, телефонски број +43 50 212 400.
1 Банка/банкомат
Повеќе банки и банкомати во градот.
1 Продавница за сувенири
Повеќе мали продавници со сувенири и локални производи.
1 Полициска станица
Полициска станица Lienz, тел. број +43 59 133 7230 или унифициран број 133.
1 Пошта
Пошта Lienz, затворена во сабота и недела.
1 Лекар
Брза помош , спасувачка служба, унифициран број 112
1 Прва помош
Брза помош , спасувачка служба, унифициран број 112
1 Стоматолог
Стоматолошка ординација Dr. Stefan Grüner, телефонски број +43 4852 62616.
1 Аптека
Аптека во местото, отворена секој ден , освен недела.
1 Планинска служба
Планинска служба , унифициран број 144
1 Кино
Кино Cinex Lienz.

Дополнителна понуда за скијачи


1 Затворен тениски терен
Затворен спортски центар Lienz: 4 тениски игралишта. Резервации на телефон +43 4852 65150.
1 Сквош
Затворен спортски центар Lienz: 2 сквош терени. Резервации на телефон +43 4852 65150.
1 Лизгалиште
Отворено лизгалиште во центарот на местото. Отворено од понеделник до петок од 09:00 до 16:30, сабота и недела од 10:00 до 16:30 часот. Лизгалиштето може да е затворено за време на викендите за хокеј натпревари.
1 Качување по мраз
Качување по ледена карпа со водич . Сите информации и резервации на телефонскиот број +43 664 344 7223.
1 Snowshoeing
Качување на планина со водич, секој ден, во зависност од временските услови. Информации и резервации на телефонскиот број +43 485 265 690
1 Ski touring
Тури по околните планини со лиценциран водич. Сите информации и резервации се достапни на +43 485 265 690
1 Параглајдинг
Параглајдерски лет во тандем, резервации и информации на +43 676 729 3888
1 Ноќен клуб / дискотека
Ноќни клубови, Stadtkeller, Club 44.

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.