Kreischberg
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Kreischberg

Почетна страна  >  Austrija  >  Kreischberg
Сместување
8 Сместување
Ски патекa
42km Ски патекa
До
800m До 2118m

Kreischberg



Мал, но многу модерен и опремен ски-центар на границата на Kreischberg и Štajerskа недалеку од местото St. Lorenzen во близина на Murau. Во последните неколку години е доста развиен и во моментов е најмодерен ски центар во овој регион. На надморска височина од 868 до 2118 м.н.в. поради своите широки и релативно благи патеки, претставува идеално скијачко одморалиште за семејствата.

ЗАБАВА НА СНЕГ

Одличниот снежен парк беше домаќин на Светскиот куп Fis Freestyle Ski&Snowboard. На 1900 м.н.в. Ski & Board Fun park со површина од 800м2, најголемиот halfpipe во Европа ќе го воодушеви секој сноубордер, додека и почетниците апсолутно ќе ги уживаат сите понуди на паркот .

Од 2005 година, со тогашните 29 кми патеки до денес, достигна 49 км.
Најимпресивниот поглед на долината се протега од врвот Rosenkranzhöhe (2118 m.n.v.), од каде што најчесто по благи падини ќе стигнете до подножјето. Во 2016 година беа отворени две нови патеки за бордери и најпребирливите скијачи. Љубителите на Нордиско скијање не се занемарени, на 1800 m.n.v. постои 2,5 км кружна патека во прекрасниот предел.

Одличен избор на снежни тематски содржини, сноубординг, санкање,ноќно санкање ,а посебно за најмалите кои ќе уживаат во големата понуда, како што се tubing, трамболина, детски свет, Дино парк, Yaba Dabba Doo-Land




Понуда на спорт и забава


1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Супермаркет Špar на главниот пат кон градотMurau.
1 Пекара
Повеќе пекари во местата Kreischberg и Murau
1 Месара
Месари во склоп на продавниците.
1 Туристичко биро
Туристички информативен центар -Murau +43 35 37 36 00
1 Банка/банкомат
Банка Reiffeisen, кај продавницата Špar, повеќе банкомати во Kreischberg.
1 Продавница за сувенири
Продавници за сувенири и локални производи во Kreischberg и Murau.
1 Полициска станица
Полиција : 133
1 Пошта
Пошта Murau телефонски број +43 810 010 100
1 Болница
Болница Stolzalpe (14 км оддалечена од Kreischberg), телефонски број +43 35 322 4240
1 Лекар
Брза помош : 112
1 Прва помош
Брза помош : 112
1 Стоматолог
Стоматолошка ординација Dr. Petra Holweg,телефонски број +43 3532 2337
1 Аптека
Аптека Dr. Friederich Seidl Kreischberg (затворена во недела ), телефонски број +43 353 7370
1 Планинска служба
Планинска служба: 144

Дополнителна понуда за скијачи


1 Лизгалиште
Лизгалиште кај Kreischberg Leisure Center.
1 Snowshoeing
Дневен излет со вклучена опрема и бесплатно варено вино организира локалното училиште Snowboardschool Suli,информации за училиштето и резервации по телефон +43 3537 316 или на веб-страницата www.suli.at
1 Ski touring
Водич за организација на локални скијачки школи: Snowboardschool Suli +43 3537 316, Skischool Kreischberg - Mayer +43 664 9188162, Outdoorcenter & Skischool Wirnsberger +43 676 92556
1 Ноќен клуб / дискотека
Ноќен клуб Kastanienbar на крајот на WM Arenа.

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.