Kaprun
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Kaprun

Почетна страна  >  Austrija  >  Kaprun
Сместување
5 Сместување
Ски патекa
41km Ски патекa
До
911m До 3029m

Kaprun



Ски ресорт Kitzsteinhorn - Kaprun

Митот за Kitzsteinhorn - повеќе од глечер. Прв глечер- ски ресорт во Австрија. Алпско доживување 365 дена во годината. Планината е опкружена со највисоките австриски врвови кои го изразуваат својот потенцијал.
Откријте го силното чувство на слобода на надморска височина над 3000 м - и тоа во секое време од годината.
Широки, отворени ледени ски патеки со природен снег, голем избор на насоки за турно скијање, три снежни паркови и најголем тунел за free ride во Австрија - спортската разновидност на Kitzsteinhorn е неспоредлива. Освен тоа, тука се и незаборавните доживувања во центарот Gipfelwelt 3000, ледениот свет ICE CAMP и голем број настани. На надморска височина од 3029 м е станицата на врвот на Kitzsteinhorn со панорамска платформа Top of Salzburg, најголемата точка на сојузната држава Salzburg, која и без никакви скијачки предзнаења е достапна цела година.

Високо во градот Zell am See-Kaprun на глечерот Kitzsteinhorn се отвораат фантастични панорами на алпските врвови и на недопрениот планински свет на Националниот парк -High Ture National Park. На таа висина нема ниту едно друго место, кое би можело да биде достапно и кое би понудило ваков поглед на најголемото заштитено ски подрачје, и на најголемите Австриски врвови како Großglockner (3798 m), Großvenediger (3662 м) и Hocheiser (3206 М).

Центарот Gipfelwelt 3000 ги доведува посетителите во тајниот свет на Kitzsteinhorn и на националниот парк со системот Cinema 3000 (кино), со две панорамски платформи и со галеријата на националниот парк во 360 метри долгиот канал.
Паркот ICE ARENA во текот на сезоната нуди забава на снегот за целото семејство.



Понуда на спорт и забава


1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Во местото има повеќе продавници.
1 Пекара
Во местото има повеќе пекари.
1 Туристичко биро
Туристичко информативен центар Kaprun, тел. број +43 6547 8080.
1 Банка/банкомат
Повеќе банки и банкомати во местото.
1 Продавница за сувенири
Повеќе мали продавници со поклони, сувенири и локални производи.
1 Полициска станица
Полициска станица Kaprun телефонски број +43 6547 20128 или унифициран број 133.
1 Пошта
Пошта Kaprun, затворена за време на викендите и празниците
1 Лекар
Брза помош: 112.
1 Прва помош
Брза помош: 112.
1 Стоматолог
Стоматолошка ординација Dr. Kathrin Vizi, телефонски број +43 6547 20128.
1 Аптека
Аптека Steinbock, затворена во недела. Телефонски број +43 6547 8669.
1 Планинска служба
Планинска служба, унифициран број: 144.

Дополнителна понуда за скијачи


1 Спортски центар
Спортски центар Injoy : wellness, базени, сауна , фитнес, вежби во вода, аеробик.
1 Лизгалиште
Природно лизгалиште, се наоѓа до пожарникарскиот дом. Можност за изнајмување на лизгалки.
1 Snowshoeing
Организирани од локални ски- школи и агенции. Тури се одржуваат секој ден, во зависност од временските и снежните услови. Информации може да се добијат во туристичката канцеларија или во канцелариите на ски- школите.
1 Ski touring
Организирани од локални ски- школи и агенции. Тури се одржуваат секој ден, во зависност од временските и снежните услови. Информации може да се добијат во туристичката канцеларија или во канцелариите на ски- школите.
1 Ноќен клуб / дискотека
Повеќе ноќни клубови и дискотеки во целата долина.
1 Концерт: WOW Glacier Love
Електронски музички фестивал со богата дополнителна програма, закажана за првата недела од ноември. Сите информации на веб страната www.wowglacierlove.at

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.