Gerlitzen
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Gerlitzen

Почетна страна  >  Austrija  >  Gerlitzen
Сместување
2 Сместување
Ски патекa
42km Ски патекa
До
1000m До 1911m

Gerlitzen



ДИРЕКТНО НА ПАТЕКИТЕ

Над езерото Ossiacher, на неколку километри од Villach е сместен симпатичниот ски центар Gerlitzen, Baby Kronplatz, како уште го нарекуваат мештаните. На висина од 1911 м нуди 42 км ски патеки и околу 15 км freeride простор, снежен парк и поглед од врвот на планината на тромеѓето на Австрија, Словенија и Италија, задоволувачко за сите скијачки сладокусци. Оваа планина првенствено е наменета за почетниците да ги научат првите чекори на снегот. Инфраструктурата и парковите се наменети за почетниците и нивно полесно совладување на скијањето, па затоа не изненадува што Gerlitzen доби сертификат за Family friendly ски центар.

Кога зборуваме за сместувачкиот капацитет во Gerlitzen, не можеме да ги игнорираме најдобрите понуди. На 1500 м.н.в. се наоѓа спортскиот фамилијарен хотел, со 150 ренивирани соби и апартмани со 3+*. Апартманите се со површина од 53м2 до 73м2, можат да сместат до 6 лица и имаат прекрасен поглед на околните планини. Mожете да бирате помеѓу апартманско и хотелско сместување со можност за полупансион (шведска маса со појадок, детски lunch пакет во текот на денот и вечера од 4 ганга). Овогодинешниот новитет е куварското катче, каде во живо ја следите припремата на храна, новата зимска градина AlmBar, каде што може да седете покрај каминот и дел од ресторанот кој е наменет за деца. Предноста на Gerlitzen е близината на Villach, каде има многу apres ski барови, продавници, културно историски споменици.

ФАМИЛИЈАРНО СКИЈАЊЕ

Gerlizten е врвен ски центар за фамилијарен ски одмор и ски почетници. Фамилијарниот апартхотел Almresort е директно поврзан со 42 км ски патеки. Во близина на хотелот, во близина на гондолата Kanzelhöhe има детски снежен парк со препреки за најмладите и почетниците. Кога сте сместени во Almresort, после скијањето можете да се опуштите во реновираниот базен и wellness центар. Во зградата каде што се наоѓа wellness центарот се наоѓа само сместување со полупансион, а апартманското сместување е само на 20-30 метри од влезот во базенот. Уживајте на лежалките покрај базенот додека вашите деца се забавуваат во новиот Kids and Youth Club. Зимските ноќи ќе ги скратите играјќи билјард, понг-понг, пикадо и фудбал на маса.




Понуда на спорт и забава


1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Поголеми продавници во Annenheim. Забелешка: во Kanzelhöhe, има само една помала продавница за купување на најосновните прехранбени производи, за набавка на намирници препорачуваме шопинг во долината.
1 Пекара
Повеќе пекари во Annenheim.
1 Месара
Во градот Annenheim.
1 Туристичко биро
Gerlitzen-Kanzelbahn - туристички информативен центар, телефон: +43 4248 2722
1 Банка/банкомат
Банката Reiffeisen е 5 километри од Annenheim, банкомати во подножјето. Нема банкомат во Kanzelhöhe.
1 Полициска станица
Полициска станица: 133
1 Болница
Болница во Villach, од Annenheim оддалечена 13 км.
1 Лекар
Ординација Dr. Hock Gert во Annenheim. Не работи во сабота, недела и за празници. Информации за телефонскиот број: +43 42 482 710
1 Прва помош
Брза помош: 112
1 Стоматолог
Стоматолошка ординација Dr. Helene Latritsch Villach, оддалечена 13 км од Annenheim.
1 Аптека
Аптека во Annenheimu, не работи во недела и за празници. Информации на телефон: +43 424 829 628
1 Планинска служба
Планинска служба: 140

Дополнителна понуда за скијачи


1 Затворен тениски терен
Тениски терен Annenheim, 3 покриени терени . Информации и резервации на веб-страницата www.tenniscenter-annenheim.at или на телефон +43 699 1311 1637
1 Лизгалиште
Салата Ossaicher See Halle, на околу 10 км од Annenheim, во близина на почетната гондола. Информации за телефонскиот број: +43 676 5500 688.
1 Snowshoeing
Во вторник и четврток бесплатни тури , сите информации на телефонскиот број: +43 664 1439 865.
1 Параглајдинг
Во организација на Fly 4 You,цената на тандемски скок е 120 € по лице за лет, во зависност од должината на летот. Повеќе информации на веб-сајтот www.fly4you.at или на телефонскиот број +43 676 9394 779.

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.