Bad Kleinkirchheim
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Bad Kleinkirchheim

Почетна страна  >  Austrija  >  Bad Kleinkirchheim
Сместување
14 Сместување
Ски патекa
103km Ски патекa
До
1078m До 2055m

Bad Kleinkirchheim



ОД СКИ ПАТЕКИ ВО WELLNESS

Bad Kleinkirchheim - St.Oswald е најпознатиот ски центар во Koruškа со долга традиција, кој покрај скијањето на зима и пешачењето на лето, на своите гости им нуди и термален туризам.
Bad Kleinkircheim е познат по своите две термални бањи Römerbad и St.Kathrein.
Двете термални бањи имаат голема понуда на базени, сауни и парни бањи за релаксација и опуштање после скијањето или пешачењето.

WELLNESS СО ЅВЕЗДИЧКА

Овај корушки ски центар е познат по тоа што прв во Австрија добил сертификат за Алпски Wellness. Термалната бања Römerbad се простира на повеќе од 4000 м2 и на три спрата. Во нив се наоѓаат 13 сауни (фински, турски и инфра црвени ) , масажни базени ( има и надворешни со топла вода ) разни relax масажи, и се тоа со поглед на ски патеките прекриени со снег.
И за децата постои хоби.
Одличните аниматори ќе се погрижат децата да се забавуваат додека Вие се опуштате. За децата е наменет посебен дел -Ludu adventure play area.

КОЈ РАНО РАНИ .....

Можеби не сте занеле, ама од Bad Kleinkircheim доаѓа еден од најдобрите скиори на сите времиња, познатиот Franz Klammer. Жителите на Koruškа му поклонија една ски патека, која го носи неговото име, и на која се одржуваат трките FIS на Светскиот куп во алпско скијање.
Бидејќи и самиот е врзан за овој регион, Klammer се врати во Bad на свој начин. Три пати во текот на сезоната им се придружува на љубителите на скијањето и ги води во обиколка на своите омилени ски патеки, им покажува ски трикови и раскажува анегдоти од неговите натпреварувачки денови.
Ако го прифатите предизвикот, мора да сте ранобуден човек.
Авантурата започнува во 6:45 часот пред гондолата Kaiserburgbahn. Пакетот вклучува топол оброк и можете да го прескокнете појадокот. Бројот на места е ограничен и сите мора да бидат резервирани однапред. Ако вашите скијачки вештини не се доволни за Кламерување , не грижете се. Во Bad постојат 3 одлични ски училишта со многу инструктори од нашето говорно подрачје. За најмладите постои и ски градинка за игра и забава на снег.



Понуда на спорт и забава


1 Бар/паб
Работно време - да се провери на рецепција.
1 Ресторан
Проверете на рецепција за работно време на ресторанот.
1 Продавница за овошје и зеленчук
Во местото има голем маркет.
1 Пекара
Во местото има повеќе мали пекари.
1 Туристичко биро
Туристичко информативниот центар Bad Kleinkirchheim , отворен е секој ден освен недела и празници. Телефонски број +43 4240 8212
1 Банка/банкомат
3 банки, повеќе банкомати во целото место.
1 Продавница за сувенири
Повеќе мали продавници со сувенири и локални производи.
1 Полициска станица
Полиција: 113
1 Пошта
Пошта Bad Kleinkirchheim,орворена секој ден освен недела и за празници.
1 Лекар
Доктор и болница: 112
1 Прва помош
Прва помош: 112
1 Стоматолог
Стоматолошка ординација Dr. Aron Krakolinig, , тел. +43 4240 8820
1 Аптека
Аптека, Kur-Apotheke, отворена секој ден . Телефонски број +43 4240 8206
1 Планинска служба
Планинска служба, унифициран број: 144

Дополнителна понуда за скијачи


1 Лизгалиште
Помалото Kurpark лизгалиште во Bad Kleinkirchheim, и
1 Санки со коњска запрега
Возење со коњски кочии, санки или возење со кочии во градот . Сите информации на телефонскиот број +43 4240 8172
1 Snowshoeing
Екскурзии секој вторник и четврток, вклучува групи од 3 лица па нагоре. Цена, 39 € по лице, вклучува водич и изнајмување опрема. Информации на телефонски број +43 4240 710
1 Ski touring
Екскурзии со лиценцирани водичи, индивидуално или колективно, можности за изнајмување опрема. Сите информации на телефонскиот број +43 4240 555
1 Ноќен клуб / дискотека
Повеќе ноќни клубови и дискотеки во целото место.

loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.