Кнежевство Андора -Барселона-скијање-skifun
+389 2 3 22 99 22 | +389 79 300 300 | +389 79 300 333
Најави се



НОВА РЕГИСТРАЦИЈА

* Оваа информација е незадолжителна
* Оваа информација е незадолжителна

Andorra

Таму каде што скијаат Французите

Почетна страна  >  Andorra

Повеќе за Андора

flag


Кнежевството Андора е сместено помеѓу Франција и Шпанија и го има сочувано најдоброто што природата и го има дадено.
Пејзажите изобилуваат со прекрасни врвови, тесни долини, многу снег и најубавиот подарок на Медитеранот - одличното сонце.
Воздухот е исто така голем плус за Андора бидејќи не постои никаква индустрија и забранета е на територијата на целата земја. Единствените активности што се дозволени во ова кнежевство се трговија и туризам.
Во Андора постојат два ски-центри и три ски региони. Grandvalira е најголемиот ски центар со 210 км патеки. Вториот ски центар е Vallnord, кој се состои од два дела Pal Arnisal (100 км патеки) и Arcalis (35 км патеки) .
Иако е чисто планинска земја, она по што дополнително се одликува Андора е нејзината извонредна медитеранска кујна. Близината на Барселона и нејзиното пристаниште им овозможува секојдневно во 5 часот наутро да стигаат шлепери со свежа морска храна и храна од најоддалечените делови на светот.
Кнежевството Андора е потписник на Шенгенскиот договор, така што граница со Шпанија и Франција скоро да не постои, но не е членка на Европската унија, па сама ја води својата внатрешна политика, која и овозможува да има една од најниските стапки на ДДВ во Европа од само 5%, што ја прави мека за љубителите на шопинг. Продавниците во главниот град на Андора - La Vella не работат само 2 дена во годината, на Велигден и Божиќ, а останатите 363 дена во годината се отворени од 10:00 до 22:00 часот.
Во соработка со компанијата „Air Serbia“ и нејзиниот директен лет до Барселона, Ви овозможивме брзо и лесно да стигнете од Белград до овој егзотичен ски-центар со пауза за сангрија или паеља во Барселона.
Од аеродромот во Барселона ве делат само 193 км и околу 2,5 часа возење со удобните автобуси низ прекрасните пејсажи на Каталонија.
loading ...
  • 1
  • Изберете го Вашето сместување

Изберете го Вашето сместување

loading ...
Copyright © 2007–2017 SKIFUN.eu™. All rights reserved. / Сите права се задржани.